Кафе муабет
Мама Јелена ја исполни најголемата желба на Ника- нема да верувате што и подари!
Ника си доби нов телефон...
Поп дивата Јелена Карлеуша пред неколку дена ги насмеа своите следбеници откако го сподели искреното писмо на нејзината помала ќерка Ника посветено до Дедо Мраз.
Имено следбениците на Јелена можеа да забележат колку е таа скромна, а гордата мајка доби и многу пофалби за воспитувањето на своите ќерки.
Ника во своето писмо имаше долга листа на подароци кои сака да ги добие од Дедо Мраз, а сега тој и ја исполн првата желба од списокот.
Имено, како што посочи во писмото, таа сакала нов телефон, а нејзината мајка Јелена решила што побрзо да и ја исполни желбата.
– Извини Дедо Мраз што претерав, но што да правам. Чекав цела година повторно да биде Нова Година – истакна Ника, која најубавите желби ги задржа за деновите резервирани за подароци што, според неа, ги заслужи.
Ја фотографирала ќерка си како држи нов телефон и се смешка.
Имено Јелена откри дека Ника добила петка по математика, што било еден од условите да и се исполнат желбите од списокот.
За потсетување, неодамна Јелена истакна дека многу се борела за својот брак со Душко, па иако многумина често пати коментираат како тој е оној кој е “жртва” во бракот, сепак Јелена го тврд спротивното.
– Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените се повеќе за оваа институција, и бракот и семејството. Ние сме такви животни, вели Јелена.
За ќерките Ника и Атина посочи дека се многу скромни деца кои ги почитуваат останатите.
– Сите што ги познаваат моите деца имаат само пофални зборови за нивната скромност и воспитување. Како што Дивна ме научи да бидам ист човек и кон работникот на „Градска чистота“ и кон претседателот, да не бидам материјалист, да имам емпатија кон луѓето и животните, да не ги ставам моите лични потреби во преден план, така ги воспитувам и децата.
– Тие се збир на нашите силни и слаби страни. Мешавина на генетика и магија на растење во посебни услови на деца на јавни личности. Но, ќе бидам пристрасна, па ќе кажам дека ова се деца на мама со мали моменти на тато.