Кафе муабет
Ова е најубавиот ден во мојот живот: Барбара пресреќна, соопшти многу убави вести!
Пејачката конечно пристигна во Америка...
Пејачката Барбара Бобак се пофали на своите фанови дека конечно пристигнала во Холивуд. Имено таа замина на турнеја во Америка и им соопшти на обожавателите дека ова е и официјално нејзиниот најубав ден во животот.
Дарко Лазиќ и Барбара Бобак се во врска со месеци, а за нивната љубов постојано се зборува.
Фановите често имаа можност да ги видат како уживаат, патуваат и се поддржуваат на настапите, но имаше и написи дека навистина не цветаат рози и дека има жестоки кавги помеѓу нив. Сега младата пејачка на својот Инстаграм профил сподели серија фотографии од новото патување и конечно и се оствари најголемиот сон во животот.
Имено, таа моментално е во Америка и ги доживува најубавите моменти во Холивуд, каде меѓу другото го посети и магичниот свет на Хари Потер.
„Никогаш повеќе не морам да одам никаде во животот“, напиша пејачката покрај нејзината слика, а фановите и испраќаат поздрави со коментар дека навистина заслужила ваква забава.
„Ова е официјално најубавиот ден во мојот живот“, додаде таа со друга фотографија.
Дарко ужива и во сончевиот Лос Анџелес, а нивните заеднички слики покажуваат дека секое патување, освен за настапи, го користат за посета на места кои им се интересни.
Парот планира свадба!
Неодамна при едно телевизиско гостување Дарко и Барбара освоија бројни симпатии од фановите, нагласувајќи дека планираат и семејство. Сепак, Дарко тогаш нагласи дека овој пат би одел по ред.
-Прво свадба па дури потоа принова.
– Секако дека планираме бебе! Но, таквите работи не се планираат премногу. Јас и Барбара разговаравме за тоа – рече Дарко во „Пулс на Србија“.
– Здравје, ќе имаме бебе понатаму. Овој пат ќе одиме по ред. Се најдобро за минатото, но поважна е иднината – додаде тој.
Покрај тоа, планираат и нови песни во иднина.
– Имам една песна, речиси готова. Сакав да ја извадам до турнејата во Америка, но мислам дека ќе биде малку подоцна затоа што ми се вртат разни „фикс“ идеи во главата. Сакав се да биде по мое, голем дел од текстот го напишав сама. Треба да одам во студио да отпеам па потоа ќе видиме што ќе правиме за спотот, дотогаш на 27 ноември ќе излезе интерпретацијата на 11 песни – објасни Барбара, па Дарко се надоврза со најавата за нов албум и видеа.
-Со песната „Прво, второ, трето лето“ го вратив времето наназад. Песната е во стилот на Халид Бешиќ и времето на деведесетите, вистинска народна песна. По Нова година подготвуваме сосема нов албум. Девет нови песни и спотови – рече тој.