Кафе муабет
Бебето на Шехеразад наполни 40 дена – емотивни фотографии што ќе ве расплачат!
Породувањето со Лејла беше комплицирано...
Пред точно 40 дена една од најпознатите турски актерки Бергузар Корел стана мајка по трет пат.
Бергузар и неjзиниот сопруг Халит веќе имаат два сина, Али и Хан, а неодамна семејството се збогати за уште еден член, девојчето Лејла.
Бергузар често објавува емотивни фотографии од породилиштето, на својот Инстаграм профил и на своите фанови им дава увид во нивната семејна ситуација.
Бебенцето наполни 40 дена, а по тој повод познатата актерка објави серија емотивни фотографии на кои ја покажа нивната радост.
Во описот на фотографиите Бергузар напиша само „40 дена“.
За потсетување, убавата Шехерзада, актерката Бергузар Корел на свет го донесе своето трето дете но по породувањето таа соопшти дека нејзиниото породување воопшто не било лесно и посочи дека секое породување е разлилно.
“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.
„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.
Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.
“Не планирајте ништо. Ова е нешто што си оди по својот пат. Важно е да имате искусен тим и лекар со кој вашата приватност и здравјето на бебето ќе бидат пред се”, рекла актерката.
Бергузар и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот) се во среќен брак од 2009 година, а покрај девојчето Лејла, имаат и две момчиња, 11-годишните Али и Хан, кои во март ќе наполнат две години.