Кафе муабет
Ме омажија пpисилно, имав 15 години и побегнав за да aбopтирам- Злата Петровиќ низ солзи за минато…
Пејачката минувала низ пекол...
Пејачката Злата Петровиќ се расплака во емисија во живо зборувајќи за својот прв брак кој и бил наметнат кога имала само 15 години.
Таа се омажи за момче кое никогаш не го видела во животот, а кој и денес повремено го среќава со неговите ќерки.
„Не се омажив доброволно, во селото беше обичај да се омажиш за некој што не го ни познаваш. Тоа не беше некој што го сакав, не бев заљубена. Не ни знаев дека треба да се омажам, на само три дена пред свадбата ми рекоа дека ќе се омажам. Плачев, молев. Мојата мајка е циганка,така беше тогаш, моите видоа дека тие се домаќини, дека имаат убаво домаќинство а тие пак видоа дека моите имаат вредна и убава девојка. Се омажив на 15 години. Нека ми простат тие луѓе, а тоа момче, сега има семејство, но немаше емоции“, рече пејачката и додаде:
„Никој ништо не ме праша, плачам, но не можев да одам против моите родители. Не знаев ни што ќе биде со мене. Тоа момче беше навистина прекрасно.Од кога се родив па додека сум жива јас секогаш барам емоции. Тогаш и тој имаше 15 години, повремено го гледам со неговите ќерки , се поздравуваме. Тој можеби е и најубавото момче со кое сум била но побегнав од него, останав трудна, побегнав во Белград кај тетка ми, мајка ми сфати дека нема каде да оди“.
„Кај нас женските деца не го продолжуваат образованието. Тие или стапуваат во брак или остануваат дома за да работат. Не продаваа за пари, ова се сега обичаите на свадбите на Ромите во Италија или Париз. Во мое време, богатите избираа вредни девојки. Кога родителите на тоа момче ме видоа како чистам, мијам, работам, ме одбраа да бидам сопруга на нивниот син. Никој ништо не ме праша! Но, јас не се спротивставив, знаев дека мора да биде така. Јас бев лута на животот. Плачев три месеци, иако мојот сопруг, чие име не сакам да го споменувам, беше неверојатно убаво и добро момче “, изјави Злата.
„Што да правам, си го носам гревот до крајот на животот, но сакав да се ослободам и отидовме кај еден маж кога бев во четвртиот месец да абортирам, не беше под анестезија, беше на живо. Молчев и после тоа тотидов во кафана да пејам, нема нкогаш да заборавам, тоа дете беше речиси живо, жените го знаат тоа, а јас бев во тој зелен фустан и млеко почна да тече од моите гради… Тоа е само мој грев, можеби да бев во некои други години немаше да го сторам тоа, но тоа беше пресудно за мојот живот тогаш. После тоа беше или пеење или пак мажење“, низ солзи изјави Злата во емисијата Премиера – Викенд Специјал…
Што се однесува до љубовниот живот, пејачката неодамна истакна дека секогаш во врска влегува со широко отворено срце и дека секогаш има сe или ништо.
– Никогаш не правам компромиси, бидејќи одам со моето срце. Не можам да направам ништо без таа емоција. Нема љубов без болка. Луѓето секогаш мислат дека сум будала, но тоа е така. Претпочитам да се карам со некого од љубов затоа што ми е грижа, а кога не ми е гајле за некого, тогаш б бла ладна и тоа не е тоа. Сакам кога има љубов, нека биде љубов, нека се сакаме па и да трае три месеци, но нека биде вистинска и искрена – рече Злата Петровиќ.
Фолкерка Злата Петровиќ има два сина од два брака, а првиот го доби на 18 години, заедно со нејзиниот колега Хасан Дудиќ, додека другиот е Јован кој го доби со водителот Зоран Пејиќ Пеја.