Кафе муабет

Емина Јаховиќ блесна и уште еднаш ја покажа својата женственост, елеганција и самодоверба

Пејачката ја претстави новата колекција шминки...

Викендов во Загреб беше претставен долгоочекуваниот бренд за шминка Yaemina Beauty, кој е создаден под покровителство на популарната пејачка Емина Јаховиќ.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ ужива подеднаква популарност во Турција, каде што по нејзината козметичка линија полудеа припаднчките на женскиот пол.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Во колекцијата Needed се собрани вкупно 55 производи, а како што кажува самото име, содржи се што и е потребно на една жена за да блесне и да постигне бекстејџ ефект. Водечката нишка и главната идеја на линијата на Емина е: животот е сцена!

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Комбинацијата на облека која пејачката ја носеше за оваа пригода ги воодушеви сите присутни, но и следбениците на нејзините социјални мрежи. Емина во оваа комбинација зрачи со женственост, елеганција и самодоверба и уште еднаш покажа зошто е толку посебна.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Се редеа скандали за разводот со Мустафа Сандал!

Миленикот на женската публика, познатиот турски пејач Мустафа Сандал беше во центарот на вниманието со месеци откако неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ откри дека била принудена да поднесе тужба против него поради неисполнување на обврските кон нивните синови.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Турската музичка sвезда сега има нова љубов и, откако се разведе од Емина, започна врска со 20- години помладата Мелиса. Иако не сака да зборува за својот приватен живот, Мустафа сега откри детали за себе,

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

Тој за еден турски портал прозборе за врската со Мелиса, со која фоторепортерите го сликаа уште во 2019 година.

Некогаш важеше за женкар со репутација. Каква е ситуацијата сега?

фото инстаграм/ Мустафа Сандал
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Кои? Јас не. Секогаш имав стабилни врски, можеби само се случи во некои да нема хармонична енергија. Сега сум многу среќен, во прекрасна врска со жената што ја сакам.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Тој истакна дека и покрај тоа што Мелиса има 32 години и е речиси две децении помлада од него таа разлика не се забележува бидејќи како што посочи и двајцата се срели личности и сериозни луѓе.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

-Позитивната енергија што владее меѓу нас е поважна од се.

За односот со Емина вели дека ја почитува како мајка на своите деца…

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Што и да кажам, може погрешно да разберете. Така да, простете ми. Сепак, она што сакам да го истакнам е фактот дека Емина е мајка на моите деца, и јас многу ја почитувам. Што се однесува до синовите, јас сум секогаш тука за нив. Ги носам во училиште за сурфање, играме разни игри … Поминуваме квалитетно време заедно. Се е како што треба да биде.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Како што реков, таа е мајка на моите деца. Не очекувајте да кажам нешто што може да ја навреди неа или нашите синови.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Како татко вели дека е вљубен во своите деца потенцира дека нивната љубов и доверба се најважни за него.

Синовите останаа со својата мајка по разводот. Колку често си со нив?

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Немаме проблем со тоа, лесно се договоривме. И двајцата правиме се што е потребно за да ги задоволиме нашите деца. Се гледаме многу често.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

За потсетување Емина и Мустафа се разведоа пред четири години но бидејќи Мустафа не ја плати договорената алиментација, пејачката правдата ја побара на суд…

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

– Во моментов сме на суд, па ќе видиме што ќе се случи. Јас навистина не сум тип на човек од оние кои се не дај Боже, од која било причина на суд, дури и кога имаше проблеми со новинари и медиуми, јас никогаш не одев на суд, но ова едноставно мораше. Ние не комуницираме, зборуваме само за децата, се разбира, тоа е многу важно… – рече неодамна Емина во шоуто „Премиера“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Мустафа не плаќаше алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите одговорности ми преминаа на мене. Требаше да купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување – изјави неодамна пејачката.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Не зборувам за личност чија финансиска состојба не е добра и која е во неволја. Сè во животот е за нас луѓето. Ако еден ден неговата финансиска состојба е лоша, ќе работам и за него. Но, знам дека не е. Правда има кога станува збор за мајчинството и татковството, како и за сите работи во животот. Целата моја борба не е само за мене, туку за оваа скала на правда да работи во полза на сите жени во оваа ситуација – рече Јаховиќ.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ
Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close