Бременост
Катарина ќе добие посебен третман, ќе се изненадите колку ќе плати за породувањето!
Ситно брои до породувањето...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ го чекаат своето прво дете. Имено пејачката ситно брои до породувањето па поради тоа веќе на големо се прават подготовки.
Парот чека девојче, а веќе се е спремно за неговото доаѓање. Катарина во една прилика откри и дека девојчето ќе го добие името Катја.
Но она што е интересно е дека пејачката сака пред породувањето и за време на тој чин да има посебен третман за што се погрижи нејзиниот сопруг.
Тој решл д аполати 4000 евра за породувањето на Катарина а како што откри извор близок на парот, тоа е најскапиот пакет за породување во болницата.
– Штом дознала дека е бремена, Катарина решила бременоста да ја води во приватна болница. Ниту една секунда не размислувала каде ќе се породи, па се одлучила за познатата болница во која се породуваа многу јавни личности во Србија а Марко ја поддржал – изјавил за Ало добро упатен извор.
– Иако породувањето во оваа приватна клиника чини од 2.000 евра па нагоре, Ката се одлучи за популарниот и таканаречен сеопфатен пакет за раѓање, кој ќе чини нешто повеќе од 4.000 евра. Покрај тоа што ќе добие апартман со сите потребни работи, вклучително и ТВ, интернет и посебно купатило, како и креветче за новороденчето каде ќе биде сама за време на престојот на клиниката, пејачката ќе има и врвна нега, но и превентивни постпородилни прегледи и секундарни третмани за побрзо закрепнување од породувањето – објаснува изворот.
– На Катарина и е исклучително важно медицинскиот персонал да се грижи за неа пред и по породувањето, па во пакетот што го плати нејзиниот сопруг, таа доби бабица и лекари кои ќе и бидат достапни 24 часа – заклучил извор близок до парот.
Според понатамошните наводи, Катарина Грујиќ добила препораки за клиниката и докторот кој ќе ја породи од Снежана Борјан, сопругата на голманот на Црвена звезда, Милан Борјан. Тие се запознале преку своите сопрузи, а кога таа и ги раскажала искуствата со оваа клиника и докторот кој ја породил, Ката не се двоумела ниту за момент.