Кафе муабет
По година ипол дојде крајот: Тања Савиќ поднесе документи за развод!
Тања е среќна со своите синови...
Тања Савиќ и по речиси две години од разделбата со Душан, се чини дека не може да живее мирно, пејачката сега е шокирана од нападите на нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ, кој од Австралија и се заканува дека ќе разоткрие се за неа.
Како што пишува Свет, главната причина за ова богохулење е неговиот гнев поради барањето на Тања за развод. Таа неодамна му ги предаде документите на судот и му стави до знаење дека нема враќање назад.
– Иако Тања молчи, сето тоа влијае на неа. Заради децата не сака да се огласи јавно, затоа што на еден нејзин одговор, тој ќе истура нова кофа г*мна и така до недоглед. Нејзините синови многу користат таблети и телефони, сите информации им се достапни, колку и да се труди да не дознаат што зборува татко им за нивната мајка. Сега почна кампања против Тања бидејќи дозна дека бара развод преку суд. Во Австралија овој процес може да се започне само кога ќе се исполнат некои услови, а еден од нив е сопружниците да не живеат заедно најмалку една година. Тања го напушти Душан пред година и пол, па и тоа го исполни. Беше убеден дека ќе успее да ја врати и да продолжат заедно, но тоа го шокираше. Сега гледа дека навистина му дојде крајот, па од беспомошност и бес ја плука јавно. Не знам како не мисли барем малку за своите деца, но неговата лична одмазда е пред се – рекол извор за Свет кој додава дека на Душан не му се допаднало тоа што Тања ги запишала своите деца во државно училиште во Смедерево.
– По негово барање, тие мораа да одат во меѓународното училиште, за кога семејството се преселило во Австралија, децата да го продолжат своето образование по истата програма. Меѓутоа, сега кога е сигурно дека синовите се под старателство на Тања, таа ги запишала во обично училиште во кое учат сите други деца. Душан е лут поради тоа, но таму не може ништо да промени. Единствениот вентил му е да ја навредува Тања, што го прави секој ден – заклучил изворот.
Тања Савиќ има нова љубов!
Со месеци на големо се пишува дека Тања Савиќ е во врска со Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бањалука.
Тоа што досега е познато е дека нивната врска постои од јануари оваа година, со друштво беа на Јахорина, а постојат фотографии и од настапите на Тања, каде тие двајца се прегрнати.
Кога во јавноста се појавила информација за оваа афера, пејачката и политичарот веќе ја официјализираа врската и тоа наводно поради неговите неверства.
Сепак, како што знаеме тие успеале да најдат заеднички јазик и да ја обвноават својата романса, а како што вели изворот за Блиц.рс семејството на Тања со цело срце навива за оваа љубов да биде успешна.
Тања Савиќ се огласи откако медиумите почнаа да ја поврзуваат со градоначалникот.
Овие гласини започнаа кога во емисијата „Папарацо лов“, водителката Јована Јеремиќ откри екслузива односно изјави дека пејачката имала афера со политичар.
– Тања одлепи по него, сака да се омажи за него. Тој ја носи по вечери, ја третира како вистинска дама. Тања е убедена дека Драшко е љубовта на нејзиниот живот и затоа реши да му ги прости сите афери со другите девојки, рекол извор за српскиот Блиц.
По овие написи, Тања првпат се појави во јавност и ги прокоментира овие шпекулации.
На прашањето дали се точни инфорациите, таа изјави:
-Кога веќе пишувавте за тоа…. започна Тања, а на прашањето дали е заљубена, порача:
-Не знам дали тоа се гледа? Јас сум само среќна жена изјави Тања Савиќ.