Кафе муабет

“Многумина беа љубоморни на нашата љубов, сакаа да не разделат”- Драгана Мирковиќ откри детали за бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ!

Тие се заедно 21 година...

Пејачката Драгана Мирковиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот. Таа сега реши да прозбори јавно за својот брак со бизнисменот Тони Бијелиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Во брак сме 21 година, но секако имаме некои мали несогласувања. Тој е слчен на мене, но понекогаш му доаѓа преку глава од мојата флегматичност, бидејќи јас секогаш велам: „Остави, немој…“, а тој не може да поверува дека секогаш сум таква, па ми вели: „Уште колку ќе трпиш“. Понекогаш молчам, се кријам и плачам, наместо да кажам нешто. Порано многу плачев, сега многу помалку, но секогаш ме погодува лага во медиумите. Му реков на Тони: „Ако се сменам и повеќе не ме допира, нема да бидам јас“. Драгана не може да постои без емоции, секогаш мислев дека не е добро се да чувам за себе, но морам да признаам дека сум многу посилна од претходно – признава Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Сакав да се откажам, се разбира, тоа не е ништо ново. Првата пауза што ја имав кога се омажив, беше кога дојде Марко, па Мануела, поради нив направив пауза, барем по цена да ме заборават, но беше посилно од мене. Но, моите обожаватели не ме заборавија, ме повикаа да снимам нови песни, а сфатив и дека ми недостига музиката – признава Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Паузирав и во деведесетите, тоа беше исто така многу тежок период во мојот живот. Мислев дека нема да можам да го издржам сето тоа, нема ни да се сеќавам на сето тоа, но поминав како најпопуларна во тоа време, што ми е чудно денес – заклучува Драгана Мирковиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал. “.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Тоа е најубавиот и најголемиот показател за каква личност се работи. Тука нема измама, иако и да сакав да сокријам нешто или да изневерам, нема да можам. Јавноста знае многу за мене, но и во моето село се знае се за мене. Дали е тоа најубавото место на светот, не знам, но за мене е. Касидол секогаш ми е на прво место, а на второ сега е Виена, местото каде што живеам со семејството – рече Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Пејачката се прсет на своето детство во родното село и напомена дека нејзините деца често пати одат во нејзиниот роден крај.

– Беше друго време, тоа беа играчки наместо компјутери и телефони. Возевме велосипеди, родителите ни дозволуваа да играме надвор цел ден. Таа врска со природата од самото раѓање беше нешто совршено, многу ми е тажно што поновите генерации ја немаат, сигурна сум дека би била поубава од денес – искрена е Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Моите баба и дедо живеат во Касидол, дефинитивно моите деца ги посетуваат, исто како и јас. Не сме биле последнава година ипол, поради цела оваа ситуација со короната па оправдано е, но вака кога и да имаме можност одиме и се дружиме. Обожаваат да го посетуваат мојот роден град – вели таа.

Драгана откри дека љубовта никогаш не и недостигала, а најзаслужни за тоа се нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ, како и нејзините деца Марко и Мануела.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Никогаш не се чувствував осамено, секогаш имав голем круг на луѓе околу мене. Тони е мојата најголема љубов, не би биле во брак толку години, но како мајка морам да признаам дека мојата најголема љубов се децата, Марко и Мануела – вели Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Откри како започнала љубовна врска со Тони!

– Да, случајно беше се, барем за мене, за него беше намерно! Да, и во еден пресврт во мојот живот, кога размислував што да правам со себе, договарав хитови и концерти, но чувствував потреба за семејство и токму кога ми требаше, кога ја почувствував најсилната желба за тоа, се појави тој и, не знам, секогаш велам дека така требало да биде – открива Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Со него се ми беше полесно, секако, кога знаеш дека имаш своја оаза на мирот, се е полесно. Кога имаш семејство покрај себе, сите рани зараснуваат. Не само што запознав добри луѓе во кариерата, имаше и лоши, туку со нив научив дека некои работи не ме повредуваат толку како порано. Не е лесно бракот да се држи подалеку од јавната сцена, а замислете кога имате луѓе кои сакаат да ви ја расипат идилата. Имаше луѓе кои сакаа да не разделат, имаше приказни, натписи… Но ние сме како едно, невозможно е да не разделат. Имав среќа да најдам личност слична на мене искрена е фолк ѕвездата.

фото курир.рс

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close