Кафе муабет
По неа полуде цел Балкан: Се сеќавате на згодната русокоса од спотот на Огњен Амиџиќ- еве како изгледа денес!
Се омажи за грчки бизнисмен и се реализира во улогата на мајка...
Натали Тана е прекрасната русокоса која пред неколку годни го запали Балканот, кога се појави во спотот на Огњен Амиџиќ.
Во 2009 година кога ја сними дуетската песна „Kiša je padala“ со Огњен Натали буквално го освои целиот Балкан, а песната со молскавична брзина стана голем хит можеби и токму поради згодната русокоса и жешките сцени на базенот на луксузниот хотел.
Најверојатно атрактивната Натали ги привлече сите воздишки, а имаше и такви кадри, каде познатиот водител, ја масира а таа ужива.
Инаку, Натали е родена во Белград, а кариерата ја започна на 16 години кога влезе во светот на модата. Подоцна прифатила неколку ангажмани за да се појавува во музички спотови и станала член на музичко-танцовата група со која настапувала низ регионот.
Потоа се преселила во Атина, каде живее и работи од 2005 година.
Убавата русокоса остана во соработка со српски пејачи, а потоа се повлече од грчката музичка сцена, се омажи за грчки бизнисмен и се реализира во улогата на мајка.
Освен што се занимава со манекенство, танцување и пеење, таа е многу активна и на Инстаграм, каде што голем број брендови ја ангажираат да ги рекламира нивните производи.