Кафе муабет
Момчето на Анастасија не и дозволува ништо да работи по дома – еве како живее младиот пар!
Како што се наведува, Анастасија сега вработила жена која ја чисти куќата, пегла алишта, оди на шопинг и подготвува ручек...
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ неодамна се преселија во новиот дом во Дорчол.
Тие двајца заедно го купиле луксузниот стан кој го опремиле по нивна желба, по најсовремени стандарди, а Анастасија неодамна им се пожалила на своите следбеници на Инстаграм дека има премногу обврски околу уредувањето на станот.
Имено, таа рекла дека ноќниот живот и е минато бидејќи е преоптоварена со домашни работи. Сепак, нејзиниот избраник наводно веднаш го решил тој проблем.
Како што се наведува, Анастасија сега вработила жена која ја чисти куќата, пегла алишта, оди на шопинг и подготвува ручек.
– На Анастасија и останува само да ужива и да се грижи за себе. Иако на социјалните мрежи се фали како станала домаќинка, тоа е смешна приказна. Кога нема деловни обврски, ужива во гледање филмови, излегување со пријателите. Ѓорѓе ја разгалил, не бара да готви, ниту да пегла, само за да ја види среќна кога ќе се врати дома, а на жените кои тоа го прават во нивниот стан им плаќа – раскажува за Свет извор близок на Ражнатовиќ.
Инаку, Анастасија е пример за многу девојки кои едвај ги чекаат нејзините нови видео спотови и фотографии. Она што особено ги радува нејзините следбеници е тоа што Анастасија се почесто се фотографира во новиот стан.
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ заедно со своето момче Ѓорѓе Куљиќ купија стан во Дорчол, а неодамна откри и дали планираат да се венчаат.
– Не знам кога ќе заѕвонат тие свадбени ѕвона, прво треба да ме запроси, а за тоа ќе го прашате него. Ајде да одиме полека. Сега го направивме тој поголем чекор, се вселивме во нов стан. Уживаме и убаво е, никаде не брзаме. Млади сме и нека се тргне по својот тек. Немам сега потреба да го официјализирам тоа на хартија– рече таа во една прилика.
Неодамна соседите на Анастасија ја опишале нејзината врска со другите станари, но и како се однесува кон нив.
„Овде живеат претежно млади луѓе и сите си ја гледаат својата работа. Ним баш и не им е важно кој е режисер, пејач или актер. Мислам дека тоа им се допаѓа на јавните личности, па сакаат да живеат тука за да имаат свој мир. Ја видов Анастасија неколку пати додека одеше во продавница и бев пријатно изненаден“, рекла сосетката и продолжила:
„Искрено, мислев дека е вообразена затоа што мајка и е позната, а сега и таа е во јавниот бизнис, но ме изненади. Прва ме поздрави во ходникот иако не се познаваме лично. Беше без шминка и во тренерка носеше ѓубре. Ја видов пред неколку недели кога отиде со другарките да купува работи за дома, тие и помогнаа, носеа многу кеси и даска за пеглање“.
Истата сосетка додава дека уште еднаш имала можност да ја види во опуштено издание: „Еден ден излезе да ја земе пратката со влечки за по дома“.
“Нејзиниот дечко е опасен бизнисмен, постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерка, секогаш е во кошула, без разлика дали се фармерки или панталони, ми се чини дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат на крајот на вечерта“, вели изворот за Информер.