Кафе муабет

Пееше за ситни пари а сега брои евра: Барбара профитирала на грбот на Дарко!

Дека за кратко време нејзиниот живот драстично се промени говори и тоа што на крајот на декември е закажана американска турнеја на која ќе настапи со Дарко...

Барбара Бобак на јавноста и стана позната кога започна љубовна врска со фолкерот Дарко Лазиќ.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Брзо стекна популарност откако ја официјализираа нивната врска па како што вели извор близок до парот, наводно профитирала од врската со пејачот и ја покачила цената на нејзините настапи.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Дека за кратко време нејзиниот живот драстично се промени говори и тоа што на крајот на декември е закажана американска турнеја на која ќе настапи со Дарко.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Барбара активно се занимава со музика веќе четири години, но за неа знаеја само луѓето од помалите места каде што пееше за викендите. Отсекогаш сонувала да сними песна, но немала ниту способност ниту контакти да го оствари тоа. Снимаше видеа и ги објави на Јутјуб, но тоа не и помогна да го оствари сонот и да зачекори на сцената, се додека сосема случајно не го запозна Дарко. Кога се дозна за нивната врска, која е проследена со бројни скандали поради минатото на пејачот, таа стана препознатливо лице благодарение на медиумите и Инстаграм профилот на Дарко. Тогаш и се отвори вратата и почна да добива покани за поголеми гостувања. Така таа ја зголеми цената за 1.400 евра повеќе отколку што претходно ги наплаќаше тезгите – вели изворот.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Барбара негира дека гради кариера врз грбот на Дарко!

Барбара неодамна реши да стави крај на приказните дека Дарко ја промовирал и дека благодарение на него имала тезги и настапи.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

-Имав работа и пред Дарко. Не е точно дека ме турка тој. Не ми треба рекламирање. Моите родители ме воспитаа да заработам се со мојот труд. Не правам ништо над туѓ грп и горда сум на тоа. Јас и Дарко сме во ист бизнис и тоа е причината што многумина мислат дека ме турка и ми ги троши парите. Се шушкаше дека повеќе не работи, дека никој не му се јавува затоа што прави проблеми, но тоа не е точно. Тој и јас работиме без престан. Тоа што не се рекламираме не значи дека седиме дома. Ние си ја гледаме работата и мислам дека тоа е најдобриот начин – изјавила Барбара за „Република“.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Инаку Барбара Бобак и Дарко Лазиќ веќе пет месеци се во емотивна врска а неодамна си ја отворија душата и најавија дури и свадба.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ откри дека повеќе нема да коментира за неговите жени од минатото:

– Си ветив дека нема да коментирам ништо во врска со поранешните партнерки. Тие се оние кои ме претставуваат во јавноста како неодговорен татко, коцкар и бесен пијаница, јас не го правам тоа. Никогаш не одев наоколу и не зборував лошо за бившите. Тоа не е мој стил, особено што никогаш не би кажал лоши зборови за мајките на моите деца. Барбара е друга приказна. Се сложуваме во сè, претпоставувам дека можете да видите среќа на мене ?! Таа е девојка која не е љубоморна, има силен карактер и верувајте дека нема нешто што би го променил во нашата врска. Можам да кажам, од оваа гледна точка, дека таа е жената со која планирам деца и брак. Дај боже, еден ден и да правиме свадба, верувам и таа го мисли истото затоа што решив да се оженам неа. Сите поранешни се небитни, се женам со Барбара – низ смеа рекол Дарко, па Барбара продолжила.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Прекрасно ми е со Дарко. Ќе се согласам со се што кажа. Мислам дека предуслов за успешна врска е партнерите да бидат искрени. Ако нешто се крие, лаже и заговара, нормално е дека во одреден момент сето тоа ќе излезе на виделина и ќе настане хаос – рече Бобак, а потоа Лазиќ додаде:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Сите знаат дека сум бил оженет, како и дека бев во вонбрачна заедница, но никогаш не сум правел свадба со никого, сега ќе направам. Дај боже, да остане вака, Барбара ќе биде единствената жена со која ќе направам голема свадба.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close