Кафе муабет

Ме излажаа за „Задруга”- кога влегов во таа џунгла се покајав!

Кога влегов во таа џунгла, меѓу хиените... Тоа што ми се случи, навистина не го очекував – истакна Луна...

Пејачката и победничка во реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани гостуваше во емисијата „Ѕвездите на  Гранд – специјал“.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Многумина мислеа дека поради новата соработка со Гранд ја раскинала старата, со Пинк телевизија, а Џогани објасни дека тоа не е вистина.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Не се расправам со никого. Скоро бев кај Сања Маринковиќ во „Магазин ин“, бев во „Амиџи Шоу“… Тоа што не сум во реалното шоу не значи дека сум се скарала со Пинк. Тоа веќе не е мој живот и нема потреба да се враќам – рече таа.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Луна која пред пет месеци се оствари во улогата на мајка во емисијата зборуваше за мајчинството и истакна дека Анабела и е од голема помош и дека таа е првата личност на која се јавува за секој проблем поврзан со бебето.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Дваесет пати на ден и се јавувам на мајка ми. Сега го направи ова, сега го направи тоа, дали е тоа нормално? Таа навистина има нерви за мене и тоа многу ми значи. Тоа значи дека можам да и се јавам во секое време, бидејќи кој ќе може да ме советува подобро од неа – изјавила Луна.

Таа се сети и на нејзиното влегување во реалното шоу, кога откри како всушност настанало да биде дел од „Задруга 1“.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм
фото инстаграм/Луна Џогани

– Еден тип ме повика да влезам, тој беше врската помеѓу продукцијата и мене. Го прашав што ќе правам таму, а тој рече дека сето тоа е забавно, ми нашминка малку, поубаво го претстави. Ќе има игри, шеги, нема кавги… Во тоа време реалното шоу ми остана во сеќавање како Големиот брат. Сепак, ништо не беше како што беше кажано. Кога влегов во таа џунгла, меѓу хиените… Тоа што ми се случи, навистина не го очекував – истакна Луна.

фото принтскрин/јутјуб

За приказните кои кружат во медиумите дека фановите на Луна и Марко го купиле станот на Бежјанска Коса, Луна вели дека се тоа смешни измислени приказни.

-Кој е тој што во ова време купува стан на друг. Денес луѓето не го ценат тоа што ние работиме чесно, мислат дека само лежиме и парите ни паѓаат од небо па измислуваат приказни, вели Луна.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Како што истакна во една прилика нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ станот делумно го платиле во готово, а дел на кредит.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Во процес сме на вселување во нов стан на Бежанијска коса. Треба да ги добиеме клучевите за околу 20 дена. Го купивме поевтино затоа што го купивме во изградба. Најдоцна кон крајот на декември ќе се вселиме во новиот стан. Овој сегашен стан најверојатно ќе го издаваме, а во друг ќе живееме. За неколку години ќе купиме уште еден стан или куќа. Купивме кауч, кревет, бела техника и телевизор. Ќе го уредиме за два дена. Сакаме да влеземе во нов стан, се ќе биде направено по мерка. Точно е дека станот го купивме на кредит и дека ќе го вратиме во наредните 15 години, а се надевам многу помалку. Мора да бидеме упорни и да се трудиме. Заедно можеме да го платиме имотот. Еден дел го плативме во готово, еден дел е на кредит. Таа приказна дека обожавателите не финансираат, апсолутно не е точна – вели Миљковиќ.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close