Кафе муабет

Барбара без влакна на јазикот ги коментираше поранешните на Дарко: Ана е кул, Марина е разгалено детиште!

Таа ја „избра“ Ана меѓу Марина и Ана...

Пејачката и девојка на Дарко Лазиќ, Барбара Бобак, ги подгреа приказните дека е бремена кога ја објави последната фотографијата и напиша дека „јаде за двајца“.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

По одморот во Египет, Дарко и Барбара планираат заедничка турнеја во Америка.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара раскажа каква иднина очекува со фолкерот кој зад себе има два брака, а без влакна на јазикот ги коментираше и бившите – Ана Севиќ и Марина Гагиќ.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара откри дали е бремена, како што со денови се шпекулира во медиумите.

– Таман работа, па ние се шегуваме. Сакав само да видам што ќе се случи, бидејќи тоа беше кул, бидејќи Дарко имаше операција на желудникот. Се шегуваме дека јадам за двајца затоа што тој не може толку да конзумира, па затоа го јадам и неговото – вели таа и открива дали би се омажила за него:

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секако. Тој веќе ги исполнува моите очекувања. Веќе живееме заедно како да сме во брак, убаво се сложуваме. Посакувам да имаме деца, но не сега. Нема да го направам тоа додека не се појави мојот мајчински инстинкт.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Барбара се осврна и на судењата што ги имаат Дарко и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ поради неплатена алиментација.

– Дарко е одговорен и ги исполнува сите свои обврски. Тоа што дотичната се обидува да го привлече вниманието на медиумите е друга работа. Од каде воопшто знаеле новинарите дека тогаш се на суд? Затоа што таа (Марина) им се јави.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Таа ја „избра“ Ана меѓу Марина и Ана.

-Затоа што Ана испадна фаца, а оваа другава разгалено дете. Ја запознав кога бев во врска со Дарко. Имавме најнормална комуникација. Жената е културна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ана не го тужи, тоа е глупост. Ги подмири сите долгови, кон неа.

Бобак вели дека таа и Дарко често одат во Брестац.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Сакам да одам таму да се олабавам малку, но секогаш нешто се случува во нивната куќа. Се готви, има многу луѓе таму, некои приказни се секогаш присутни и тоа ми е многу интересно. Мајката на Дарко е прекрасна, ние сме сосема добро. Никогаш не било поинаку, често се слушаме. Таа секогаш прашува кога ќе дојдеме, но не можеме да бидеме премногу интимни кога не се познаваме предолго. Секако убаво комуницираме.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Таа истакнува дека со Лорена одлично се сложува, додека со малиот Алексеј не се ни гледа, а на прашањето дали заработува повеќе од Дарко и дали цената на нејзиниот настап скокнала по врската со него, таа одговорила:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко чини многу повеќе од мене, но сега сме тука некаде. Цената на мојот настап скокна, но не може да се спореди со него. Ми требаат седум или осум ноќи  да работам за една негова. Живееме најнормално, во стан под кирија, трошиме на храна и пијалоци… Не се облекуваме во прескапи продавници, ниту практикуваме гала живот рече Барбара.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close