Кафе муабет

Мајката на Ѓоковиќ откри во каков однос е со снаата: Не ни помислував дека син ми ќе се ожени со неа!

Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград...

Не е тајна дека светскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ сака секој слободен момент да го поминува со своето семејство.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

И покрај напорните тренинзи, сепак Ѓоковиќ секогаш наоѓа начин слободното време да го минува со своите деца, а кога тој се натпреварува тие се негова најголема поддршка.

Тој ужива во бракот со Јелена Ѓоковиќ со која има две деца синот Стефан и ќеркичката Тара.
Јелена е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград. Се среќавале повремено а три години подоцна се заљубиле. Се роди љубов, а потоа почнаа турнири, жртви и многу разбирање. Ноле патувал на турнири, биле разделени неколку месеци, но љубовта преживеала.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Мајката на Ноле, Дијана не ни можела да замисли дека нејзиниот син ќе се ожени со девојка која ја запознал на 18-годишна возраст, пренесува b92.net.

foto: Profimedia

„Како млад човек кој игра тенис, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запозна девојка која беше одбојкарка од Краљево. Тие беа деца. Подоцна ја запозна и Јелена , кога имаа 18 години. Не мислев дека ќе се венчаат. Но тој го поби моето мислење и се ожени со Јелена“, изјави Дијана Ѓоковиќ.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Мајката на Ноле признава дека не поддржува некои работи  кои ги прави нејзината снаа но се труди да не се меша во животот на нејзиниот син.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

„Нормално и природно е Јелена да преземе некои работи. Не би било добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и своја оаза, а Јелена прави некои работи на свој начин што не го поддржувам“, призна Дијана Ѓоковиќ во интервју за Блиц.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Да потсетиме, Новак и Јелена својата голема љубов ја крунисаа со брак на 10 јули 2014 година. Сега тие се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Ноле често пати знае дека покрај родителите и неговата сопруга му е најголемата поддршка.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close