Кафе муабет

Ова никој не го знаеше – пејачката Неда Украден избегала од сопствената свадба?!

Имено пејачката неодамна откри дека венчавката во Америка со маж од српско потекло била закажана, а таа се премисли во последен момент...

Љубовниот живот на Неда Украден е доста интересен, а пејачката неодамна раскажа една анегдота за нејзиниот поранешен свршеник.

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

Имено Неда Украден беше во хармоничен брак 15 години со режисерот Милан Билбија, кој почина во 2013 година. Иако, како што рече, ги поминала најдобрите години од животот со него, во нејзиниот живот имало и друг маж, со кого за малку ќе се омажела.

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

Љубовниот живот на Неда би се вклопил во една анегдота – која гласи дека таа „избегала“ од сопствената свадба. Имено пејачката неодамна откри дека венчавката во Америка со маж од српско потекло била закажана, а таа се премисли во последен момент.

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

– Го оставив човекот пред свадбата! Тој човек беше од наше потекло, но живееше во Америка. Се беше средено, и јас одеднаш одлучив да не одам со него пред олтарот. Едноставно го сменив мојот план – вели Неда за „Информер“.

Таа исто така додаде дека воопшто не се покајала поради своите постапки.

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

– Бевме заедно една година и навистина се сакавме. Се изгледаше совршено додека не го оставив, а потоа ми го покажа своето вистинско лице. Кога му раскинав го демолираше целиот хотел Хилтон во Америка поради мене. Беше ужасно љубоморен! Тогаш сфатив дека жената мора добро да ги отвори очите кога ќе одлучи да се омажи. Бев во брак пред тоа и тоа ми беше доволно – изјавила Неда за споменатиот медиум.

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

За потсетување, Неда од бракот со Милан ја има ќерката Јелена Билбија Миновиќ која одлучи да не оди по стапките на мајка си и да стане јавна личност.

Таа ретко се појавува во јавност и е посветена на семејниот живот.

Фото Инстаграм/ Јелена Билбија Миновиќ
Фото Инстаграм/ Јелена Билбија Миновиќ
Фото Инстаграм/ Јелена Билбија Миновиќ
Фото Инстаграм/ Јелена Билбија Миновиќ

Јелена е успешна директорка на маркетинг, не сака да се истакнува во јавност, а сопственичка е на салон за убавина во Белград.

– Моја желба, како на секоја нормална жена, посебно на оние разведените, е да го гледаат детето среќно, како има свое семејство, рече Неда во една прилика за ќерката, која со сопругот Пецо имаат три деца, близначките Александра и Неда, како и синот Душан.

Фото Инстаграм/ Јелена Билбија Миновиќ

– Среќа што имаме толку голем стан па мораме да се довикуваме со телефони и да си пишуваме пораки едни на други, така што мама секогаш може да се изолира и да се одмори. Меѓутоа, таа тоа ретко го прави. Мојата мајка има енергија како никој, има сила на змеј на сцена, а пак дома е нежна баба кон внуците, рече во една прилика Јелена за заедничкиот живот со децата, сопругот и мајката Неда.

фото инстаграм/Неда Украден

 

фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден
фото инстаграм/Неда Украден

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close