Градинка
ДЕЦАТА ИМАЛЕ KOШМAPИ ОД НЕГО: Воспитувач добил отказ од градинка поради тетоважите!
Како што вели, не се покајал што ги направил сите тие тетоважи, и поминал околу 460 часа „под игла“...
Овој 37 годишен Французин чија љубов кон тетоважите го чинеше кариера, поминал дури 460 часа во студио за тетовирање и вели дека никогаш не се покајал поради тоа.
Силван Елен поради многуте тетоважи на неговото тело, тој ја загуби работата како воспитувач бидејќи родителите на децата кои биле во неговата група се жалеле дека децата имаат кошмари поради него. Тој се правда дека со својот изглед сакал да ги научи да ги почитуваат разликите.
Французинот, кој има најмногу тетоважи во својата земја, доби отказ откако еден од родителите се пожали на неговиот изглед. Има тетоважи по целото тело, лице и јазик, а неговите зеници хируршки беа обоени во црни.
Иако родителот му се обратил на директорот на институцијата за да каже дека неговото дете имало кошмари по денот поминат со Силван, тој вели дека детето чиј родител се жалел не било во негова група и дека неговите ученици „потполно кул“ го прифатиле неговиот изглед.
„Кога луѓето ме гледаат од далеку, можат да претпостават дека е најлошото, но не е така“, рече тој.
Елен, познат по прекарот „Freaky Hoody“ вели дека неговите тетоважи можат да им помогнат на учениците да прифатат луѓе кои не личат на нив.
– Децата што ме гледаат учат толеранција кон другите – рече тој за ТВ БФМ.
По отпуштањето, му беше дозволено да биде воспитувач на деца од предучилишна возраст, од шестгодишна возраст и постари.
Како што вели, не се покајал што ги направил сите тие тетоважи, и поминал околу 460 часа „под игла“.
Ова вклучува операција на очите, поради што мораше да патува во Швајцарија, бидејќи такво нешто е нелегално во Франција.
– Кога децата ќе пораснат, тие може да бидат помалку расисти или хомофоби и нема да гледаат на лицата со попреченост како изведувачи од циркус – тврди овој воспитувач.