Кафе муабет

Меган Маркл открива – овие неверојатни тајни ке ви помогнат да се ослободите од стpecот!

Војвотката за еден странски магазин откри кои навики и помагаат да го пронајде својот душевен мир...

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, поранешна актерка и активистка, се соочи со различни предизвици во изминатите неколку години, а во интервју за Опра Винфри, откри дека честопати имала депресивни фази и негативни мисли.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

Сепак, таа најде корисни и интересни начини за ослободување од стресот, зајакнување на самодовербата и оптимизмот и зачувување на здравјето.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

Една од нив е јогата, и многумина не се изненадени бидејќи нејзината мајка е инструкторка на оваа древна дисциплина, која има корисен ефект врз менталното и физичкото здравје.

Војвотката за еден странски магазин откри кои навики и помагаат да го пронајде својот душевен мир.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

1. Одвојте еден час само за себе

“Си дозволувам луксуз да не правам ништо. Сите сме неверојатно зафатени и сме во брканица со многу обврски, но секогаш ми треба еден час за да се релаксирам, да гледам нешто забавно, да се прошетам со кучињата и испијам чаша вино. Сето тоа е инвестиција во себе. Тоа е рамнотежа “.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

2. Останете мотивирани

“Моето здравје, состојбата на умот, чувствата после тренинг – се ме тера да сакам да се искачам на врвот или да одам во теретана. Понекогаш мислата за тренинг изгледа неподносливо, но секогаш се сеќавам колку подобро се чувствувам после тоа. Вистинска еуфорија! ”

Фото Инстаграм/Меган Маркел

3. Вежбајте јога

“Мајка ми беше инструктор по јога, така што оваа практика е во мојата крв. Сакам интензивни часови по јога- одлично е ако се одржуваат во темна просторија под свеќи. Не може да биде подобро! ”

4. Медитирајте преку физичка активност

„Трчањето отсекогаш било форма на подвижна медитација во која уживам бидејќи ми помага да извадам се негативно од мојата глава“. Таа посочи дека трчањето со куче е една од најважните активности што и помага, но дека најважно е да се „фати“ состојбата на медитација.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

5. Тренирајте со пријател

Секогаш е полесно и поубаво кога имате некој што ве мотивира, како и кога мотивирате некого да направи нешто добро за себе.

6. Сакајте се себеси онакви какви што сте

“Кога ќе се погледнам во огледало, ги гледам моите пеги. И јас ги сакам”. Меган истакнува дека не треба да се залажувате себеси и вашата околина со помош на филтри на Инстаграм. Таа е сигурна дека „да се биде среќен значи да се биде љубезен кон себе.“ Се сеќава како на 20 -годишна возраст одела самата  против себе, против своето тело, сакала да биде како некој друг.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

7. Не заборавајте да дишете

„Дишете полека и свесно“. Ако водите бурен начин на живот, редовните вежби за дишење можат да направат чуда за вашето ментално здравје.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close