Кафе муабет

ПРВИОТ ЗБОР НА МИА МИЛЈКОВИЌ! Луна го забележа овој емотивен момент- нема да останете рамнодушни на ова преслатко видео!

Мора прво да каже тато, ако каже мама ќе биде исклучена - се пошегува Миjковиќ...

Риалити двојката Луна Џогани и Марко Миjковиќ неодамна добија ќерка, која ја нарекоа Миа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Новите родители не се одвојуваат од својата сакана, и честопати споделуваат емотивни моменти со бебето на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Денес тие објавија видео на нивниот канал на Јутјуб каде Марко се гушка со Миа и и вели да каже тато.

– Кажи му на тато сега. Мора прво да каже тато, ако каже мама ќе биде исклучена – се пошегува Миjковиќ, кој цело време ја гушкаше и штипкаше својата сакана.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб

Инаку Луна Џогани и Марко Миjковиќ заработија 5.000 евра за еден ден од едно видео на Јутјуб каде ја претставија својата ќерка Миа, пишува српски Курир.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Одамна е јасно дека оваа брачна двојка е исклучително популарна, но се чини дека нивните обожаватели се побројни од ден на ден.

Фановите го следат секој чекор на Луна и Марко, и на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Тие двајца се повеќе го развиваат својот канал на Јутјуб, на кој објавуваа клипови од секојдневниот живот речиси секој ден во последните месеци, а особено беа активни за време на бременоста на Луна. Така, можевме да видиме и да откриеме што сака да прави Џогани во текот на денот, што готви, која е омилената храна на Марко и многу повеќе.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

По раѓањето на нивната ќерка, тие направија кратка пауза и не снимаа нови видеа бидејќи сакаа да се посветат на својата сакана. Првиот клип после долго време беше оној во кој ја претставија Мија, а тоа, очекувано, предизвика големо внимание. За само еден ден, тоа видео беше прегледано дури 500.000 пати, што е повеќе од добро. Според проценките на страницата Jutjuber.me, само за тој клип, тие двајца заработиле 5.000 евра за еден ден.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Покрај тоа, тие објавија и други клипови, како оној во кој покажаа како изгледа нивниот нов стан, од кој заработија и приближно слична сума пари, а многу гледаната снимка беше и онаа што покажува како пазарат во неделите.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Според проценките на споменатата страница, Луна и Марко само за два месеци заработиле околу 12.000 евра од видеата на Јутјуб. Сметајќи на фактот дека нивниот бизнис ќе се шири се повеќе и дека ќе заработуваат многу пари од секое видео, Миjковиќ и Џогани неодамна изјавија дека не им паѓа на памет повторно да влезат во реално шоу и дека целта им е да имаат свое шоу преку YouTube канал.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Гордите родители, најавија дека Миа ќе ја покажуваат на својот канал, но и ги замолија фановите и медиумите да не го прикажуваа лицето на нивната ќерка. По видеото коментарите веднаш почнаа да се редат, а најголем број од фановите заклучија дека малото девојче личи на таткото.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Да потсетиме, Марко Миљаковиќ и Луна Џогани ја започнаа врската во Задруга, а набргу по излегувањето од шоуто се роди и малата Миа, како круна на нивната љубов.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close