Кафе муабет

СТАНА МАЈКА НА 51 ГОДИНА: Наоми Кембел, по 4 месеци молчење, откри како ја добила ќерката!

Познатата манекенка отворено зборуваше за својот приватен живот во интервју за „The Cut“, откривајќи како добила ќерка благодарение на сурогат мајка...

51 годишната поранешна манекенка Наоми Кемпбел конечно реши да прозбори за својата наследничка која ја доби пред околу четири месеци и го потврди она што многумина го мислеа – девојчето што го роди во мај 2021 година е родено од сурогат мајка.

Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел

Познатата манекенка отворено зборуваше за својот приватен живот во интервју за „The Cut“, откривајќи како добила ќерка благодарение на сурогат мајка, но нејзиното име, како и ликот, се уште не ги открива во јавноста.

Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел

Така, таа повторно објави само дел од телото на бебето на својот профил на Инстаграм, овој пат нозете. Фотографијата покажува дека нејзината наследничка е новиот модел на Версаче, што беше случај и во претходниот пост на Наоми.

Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/ Наоми Кемпбел

Патем, во интервјуто за споменатот медиум, Наоми се осврна и на потенцијалните бракови.
– Силна сум, но и полна со емоции. Знам дека морам да најдам компромис во врската – рекла манекенката.

Во 1993 година, таа беше кратко верена со басистот на групата U2, Адам Клејтон, а потоа и со контроверзниот италијански претприемач Флавиус Бријаторе. Таа беше во врска и со оскаровецот Роберт Де Ниро.

Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел

За потсетување, Наоми Кембел е родена 22 мај 1970 година и е еден од најпознатите британски модели. Забележана е и пронајдена за време на шопинг во Лондон. Таа ја започна нејзината кариера во 1980 година и веднаш се појави на модните писти во Милано и Париз како и на насловните страници на многу меѓународни модни списанија.

Нејзината многу успешна манекенска кариера , нетипично за црна манекенка, ја направи една од најпознатите и најбарани манекенки во тоа време. За време на незјината таканаречена “манекенска ера” во раните деведесетти години, таа беше дел од “големата шесторка” заедно со Синди Крафорд, Клаудија Шифер ,Кристи Турлингтон”, Линда Евангелиста и Кејт Мос и дел од “Тројката” заедно со Турлингтон и Евангелиста. Кембел се појави на повеќе од 100 насловни страни и уживаше чекорејќи на многу модни писти. На една епизода од нејзиното реално шоу “Новиот топ модел на Америка”, нејзината пријателка и поранешна конкуренција Тајра Бенкс изјави дека телото на Наоми Кембел е едно од најдобрите и најплатени во овој бизнис.

Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел
Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел

Во 1999 година, Кембел создаде своја компанија наречена the Design House of Naomi Campbell. Досега, Наоми промовира осум нејзини женски парфеми, кои беа пуштени во продажба во Европа. Во 2000 година, Кембел го претстави нејзиниот прв парфем , “ Naomi Campbell” и “Naomagic” . Во 2001 година , Кембел го претстави својот трет парфем “Cat Deluxe”, и во 2003 година таа го претстави парфемот ”Mystery”. Една година подоцна, таа го претстави својот петти парфем а во 2005 година и шестиот, наречен ” Paradise Passion”. Последниот нејзин парфем се вика “Cat Deluxe at Night” и е нова верзија од нејзиниот постар парфем “Cat Deluxe”.

Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел

Има соработувано со многу познати фотографи како: Дејвид Бејли, Патрик ДеМархелиер, Стивен Мајсел, Ричард Аведон, Херб Ритс, Елен Вон Унверт, Марио Соренти, Хелмут Њутон, Себ Жанијак, Стивен Клајн, Питер Линдберг, Мерт и Маркус и Ник Најт.

Фото Инстаграм/Наоми Кемпбел

Таа беше во центарот на вниманието за време на кампањите за Версаче, Ралф Лорен, и Долче и Кабана. Нејзини ментори беа Азедин Алаја, Карл Лагерфилд, Жан Пол Голтиер, Џон Галијано, Вивијан Вествод, Марк Џејкобс, Ивес Сент Лорен, Џани Версаче и Александар Меквин. Наоми беше и уредник за списанија како на пример за GQ, каде што го интервјуираше Луис Хамилтон, Хуго Чавес, и Кристина Кирхнер.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close