Кафе муабет
ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД НАСЛЕДНИКОТ: Мирко Шијан и Бојана Родиќ го покажаа синчето!
Наташа покажа дека е нејзин ред да се грижи за својот внук кого сите го сакаат толку многу, и објави видео кое ги топи срцата...
Мирко Шијан минатата недела стана татко на синот Зоран а неговото доаѓање на свет го прослави со огномети и голема забава во луксузната вила а со него цело време беше и гордата тетка Наташа Родиќ.
Имено сега Наташа го објави и првото видео со бебето во рацете.
Наташа покажа дека е нејзин ред да се грижи за својот внук кого сите го сакаат толку многу, и објави видео кое ги топи срцата.
Таа нежно го занишка во рацете, а тој заспа во таа положба.
Во ова видео, Наташа ја означи и својата сестра Бојана за да види како тие двајца уживаат додека се заедно.
Мирко и Бојана се селат од Сурчин?
Синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан и неговата партнерка Бојана Родиќ неодамна го добија синот кого го нарекоа Зоран. Тие двајца со месеци го уредуваа горниот кат во Сурчин во семејната куќа за да биде се подготвено за доаѓањето на бебето, меѓутоа, поради се почестите расправии со Гоца, планираат да се преселат во имотот купен од семејството Родиќ.
Според извор близок до парот, Бојана и Мирко одлучиле да го започнат животот сами, надвор од Белград – во Тител, каде што, како и Вељко Ражнатовиќ и Богдана, ќе го воспитуваат својот син надвор од градската врева.
– Кога Бојана дозна дека е бремена, Мирко веднаш започна да ја подготвува собата за бебето, го уредија целиот горен кат каде што требаше да живеат, додека Гоца остана на првиот кат. Сите беа возбудени поради доаѓањето на бебето и планираа таму да воспостават своја оаза на мирот, бидејќи и тие имаат свој базен во дворот. Меѓутоа, на денот на раѓањето на малиот Шијан, дошло до расправии помеѓу Гоца и Мирко поради прославата. Тој сакаше веднаш да ја започне прославата, а пејачката не му дозволи да го стори тоа бидејќи сакаше прво се да бде спремно за гостите- вели изворот.
– Сето ова наскоро одекна во медиумите, што ја вознемири Бојана, па таа му предложи на Мирко кога ќе изградат куќа што и ја дадоа нејзините родители, да се преселат во Тител, бидејќи тоа е единствениот начин да се избегнат ваквите скандали и кавги. Мирко размислува за тоа веќе некое време, иако му е тешко да ја остави мајка си сама во толкав имот. Сепак, се чини дека ова е најдобро за нив – заклучува изворот.
Инаку, родителите на Бојана, Даниела и Богдан Родиќ, во наредниот период ќе им подарат на новопечените родители плац на кој ќе изградат куќа.
Тие веќе најдоа добро место но на идниот зет не му се допадна.
– Овој плац се продава неодамна и знам дека Богдан и Данијела сакаа да го купат. Синот на Гоца дојде и погледна наоколу, но локацијата не му се допадна. Веројатно сака нешто поблиску до центарот, а ова е малку далеку. Така, тие се откажаа, штом ништо не се случи долго време. Сега гледам дека има некој градежен материјал на парцелата, не знам кој го оставил таму, можеби и сегашниот сопственик реновирал нешто – рекол еден од соседите во Тител.