Кафе муабет
Овие пејачки останаа самохрани мајки, се пробија на естрадата, но животот не ги милуваше!
Тие се спремни на се за своето дете...
Самохраните мајки се најголемите борци, особено кога станува збор за своите деца.
Имено неколку познати дами од естрадата го докажуваат токму тоа и најчесто ги нарекуваат жени-лавици.
Поради животните околности, борејќи се да ги изведат своите деца на вистинскиот пат овие мајки буквално станаа омилени во јавноста.
Меѓу нив се Гоца Божиновска, Цеца Ражнатовиќ, Гоца Тржан, Милица Дабовиќ, Стоја Новаковиќ и Ана Бекута.
Милица Дабовиќ е мајка на мало момче. Таа го остави својот партнер Вук поради измама, а пред извесно време таа се најде во ситуација да ја продаде својата гардероба со цел да обезбеди се што му е потребно на нејзиниот наследник, и поради тоа, како што вели, воопшто не се срами:
– Често и велам на својата мајка колку и се восхитувам што одгледала четири деца, и се восхитувам на сите други мајки кои имаат повеќе од едно дете. Да се биде самохран родител, да се биде мајка и татко на детето е најтешката работа на светот, но и најубавата. Потребно е многу жртвување. Заборавате да одите на кино, да шетате. Јас сум со моето дете повеќе од 12 часа, само трчам по него, воопшто не е лесно, но понекогаш имам и помош. Кога сум сама во Белград, тогаш немам ничија помош, се снаоѓам, работам. Се обидувам да направам се потоа го земам од градинка- рече Милица и откри како успева да ја надмине финансиската криза:
– Не го навикнувам многу на подароци. Фала му на Бога, имам пријатели кои ми ја даваат облеката на нивните деца. Се разбира, тоа е финансиски тешко, воглавно играм само кошарка, дури и сега во периодот на корона, но кога се престана, морав да почнам да ги продавам моите работи и така успеав да се справам со парите. Многумина ме осудија поради тоа, но имаше и такви што ме поддржуваа. Не се срамам, морав да направам нешто. Се обидувам да отворам кошаркарска школа, камп, но никаде нема финансиски плус, немам доволно деца за да можам да заработам ништо. Сакам да се занимавам со тоа, живеам за децата и верувам дека ќе биде подобро.
Цеца Ражнатовиќ и Гоца Божиновска имаат иста животна приказна, и двете на многу млади години, останаа без сопрузи, а нивните деца сепак ги изведоа на добар пат.
Жељко Ражнатовиќ и Зоран Шијан беа уби-ени, а нивните убијци никогаш не беа пронајдени.
Цеца се бореше со сите сили да ги доведе Анастасија и Вељко на вистинскиот пат, а Ражнатовиќ еднаш рече дека е свесен за жртвата што ја направила нивната мајка за да ги одгледа.
– Таа се откажа од се бидејќи е поинаку кога двајцата родители се грижат за растењето на нивните деца. Самохраниот родител мора да носи се на својот грб сам. Мајка ми беше јавно разоткриена цел живот и таа помина низ многу нешта. Сето ова дополнително ја влоши ситуацијата бидејќи со голем притисок од јавноста, Цеца мораше да биде добра мајка. Многу сум горд на неа, секогаш и засекогаш – рече неодамна Вељко Ражнатовиќ.
Гоца Божиновска од љубовта со Раде Вучковиќ, ја доби ќерката Јелена, за која мораше сама да се грижи. Често ја оставаше наследничката кај родителите за да може да ја врши својата работа.
После тоа, таа се зауби во Зоран Шијан, на кого му ги подари синот Мирко и ќерката Зорана, за кои исто така мораше да се грижи сама откако нејзиниот сопруг беше уби-ен.
Стоја и Ана Бекута пак се едни од ретките кои ги родиле своите деца кога се уште немале 18 години.
Стоја го доби својот син на само 17 години, а по три години брак, нејзиниот сопруг се самоу-бил, а таа останала сама со синот Милан.
„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.
„Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме исфрли на улица мене и моето дете помало од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моите родители ми беа премногу лути, и кога решив да се омажам ми ставија до знаење дека повеќе нема да се вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме кај моја пријателка.
„Некогаш немав што да јадам, го делев компирот со комшивката. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и таквата моја самодоверба ме туркаше напред“, изјави Стоја во една пригода.
Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.
Пејачката Ана Бекута на 17 години го родила синот Игор Полиќ, кој потоа мораше да го остави во дом за деца без родители, но за среќа по неколку месеци мајката и детето повторно беа заедно.
Игор Полиќ никогаш не и замери на својата мајка што помина осум месеци во дом. Тој сфати дека таа морала да го стори тоа и дека покрај сè, таа му дала и голема љубов.
– Oткако знам за себе, знам дека беше принудена да остане без дете еден дел од животот. Никогаш не ми го криеше тоа, ниту пак тоа мене ми остави некакви последици. Мајка ми го надомести сето тоа подоцна, и многу повеќе од тоа. Двајцата и денес зборуваме за тоа. Верувајте ми, секогаш сум го гледал тој период на најнормален начин. Таман работа да ја об винам мајка ми што мораше да ме однесе во дом. Никогаш не и го пререков тоа. Мајка ми мораше да го стори тоа затоа што тогаш беше таков законот – истакна тој во една прилика и додаде дека денеска не е во контакт со неговиот татко.
Пејачката никогаш не откри зошто морала своето дете осум месеци да го остави во дом.
-„Сакав да родам дете. Вистина е, им нанесов болка на моите родители, ги посрамив, тоа се стои, поради тоа Игор некои осум месеци помина во дом. Притисокот од опкружувањето беше голем. Плодот од мојата младешка љубов беше доказ дека сум недостојна, па Господ ме обележи.“ – рекла Ана.
– Секој викенд патував да го видам Игор, кој ќе ми се насмевнеше од креветчето, не осудувајќи ме дека погрешив. До следната средба ме одржуваше во живот неговиот мирис во ноздрите и отпечатокот од неговите ситни усни на мојот врат. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ја вратија таа птица во гнездото на мајката – изјави за „Star“ пејачката, а во неколку наврати истакна дека жали што не родила друго дете.
Гоца Тржан, исто така. почувствува што значи да се биде самохрана мајка. По неколку години брак, таа се разведе од Иван Маринковиќ. Сепак, Гоца призна дека имала среќа да запознае партнер кој и помага денес да ја воспита својата ќерка:
– Би било нефер да се каже дека сум самохрана мајка во последните 7,8 години, бидејќи имам маж покрај себе. Раша и јас живееме заедно, и ги делиме сите трошоци, кои ги вклучуваат и трошоците околу детето. Кога ќе станете родител, мора да бидете одговорно суштество кое става некој друг во приоритет. За жал, ова често не е така. Огромен број жени минуваат низ пеколот за да го искористат своето право на издршка за деца. За моето дете, би била подготвена да копам, чистам и да направам се што е потребно за да го издржам – посочи Гоца.