Кафе муабет

Луна и Марко заминаа на патување со ќеркичката – малата Миа ги растопи фановите!

Луна ја сликаше Миа додека се капеше, а сите го забележаа мини костимот за капење што го носеше преслаткото бебенце...

Луна и Марко Миjковиќ уживаат во родителството, а целото внимание го насочија кон нивната ќерка Миа, која наполни два месеци.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Бидејќи температурите се доста високи Луна и Марко решија да ја разладат својата миленичка, па за таа прилика, го купија и првото базенче, а Луна сподели дел од атмосферата со своите придружници.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Имено, Луна ја сликаше Миа додека се капеше, а сите го забележаа мини костимот за капење што го носеше преслаткото бебенце.

фото Инстаграм/Луна Џогани

“Денес наполнив 2 месеци! Мојот прв базен, јас сум голема девојка”, напиша Луна во описот на фотографијата.

фото Инстаграм/Луна Џогани

„Колку и да е мал костимот за капење, премногу е слатко“, „Колку е слатка, дури има и костим за капење“, „Голема девојка, носи бикини“, се само дел од коментарите на обожавателите.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Дека Луна и Марко Миjковиќ уживаат во родителството покажуваат и фотографиите кои постојано ги споделуваат на социјалните мрежи.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Инаку неодамна беше објавено видео на кое Луна за прв пат го покажа лицето на својата наследничка а коментарите само се редеа, додека фановите заклучија дека Миа личи на тато.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Поранешните ријалити учесници Луна Џогани и Марко Миљковиќ на 15 јуни оваа година се остварија во улога на родители.

Имено, Луна и Марко заминаа на Копаоник заедно со ќеркичката, а во видеото што го објавија под името „Хотелска тура со Миа“ за прв пат убаво се гледа и лицето на нивното девојче.

фото инстаграм/Луна Џогани

Гордите родители, најавија дека Миа ќе ја покажуваат на својот канал, но и ги замолија фановите и медиумите да не го прикажуваа лицето на нивната ќерка. По видеото коментарите веднаш почнаа да се редат, а најголем број од фановите заклучија дека малото девојче личи на таткото.

фото Инстаграм/Луна Џогани

За оние кои не знаат, Марко Миљаковиќ и Луна Џогани ја започнаа врската во Задруга, а набргу по излегувањето од шоуто се роди и малата Миа, како круна на нивната љубов. Инаку, во последно време почна да се шушка дека тие двајцата со ќерката ќе влезат во Задруга, но Џогани тоа го демантираше.
Од овие причини Луна Џогани реши се огласи од Копаоник во врска со гласините дека преговара за влегување во шоуто „Задруга 5“ откако сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ, најави дека последната сезона од споменатото ријалити ќе ги собере неговите најголеми ѕвезди.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

„Ние сме тука веќе неколку дена и навистина ни е многу убаво, но ова видео не е посветено на тоа, туку на демантот што имам потреба да го кажам. Секој ден се зборува за тоа, како тоа дека навистина е така и дека ќе се случи. Не сакам повеќе да имам ништо со никаков ријалити програм. Ријалити програмот е моето минато, таму поминав 3 години. Немам повеќе потреба да пишувам за тоа дали ќе влезам, посебно не со моето бебе. Имам потреба да демантирам, затоа што не сакам било кој да мисли дека воопшто ќе се размислува за тоа, а камоли да се согласам и да влезам“ истакна Луна во своето обраќање.
Таа потоа продолжи дека е точно тоа дека многу пати кажаа дека нема да влезе, но овој пат навистина има дебела причина за тоа.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Мојот живот навистина е онаков каков што отсекогаш сум сакала да биде, среќна сум, апсолутно ми оди, и на деловен и на приватен план. И јас сум супер, истакна таа и додаде дека во овие програми влегувала кога навистина не била добро и кога едноставно морала да влезе.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Тоа беше единствениот начин да бидам добро и да се извлечам од некои дупки во кои што пропаднав. Сега апсолутно немам ни една причина заради која би влегла во ријалитито. Исполнета сум максимално и сакам на овој начин да демантирам дека ќе влезам во било какво ријалити.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

„Тоа не е нешто што може да се избрише, јас не бегам од тоа, но тоа е моето минато. Мојата иднина е слободен живот, моето семејство, мојот маж, моето дете, Тоа е она на што ќе бидам фокусирана“, соопшти Луна.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close