Кафе муабет

Пред да се ожени со убавата Македонка Огњен Амиџиќ беше во брак со оваа жена!

Тие беа во брак четири години, но ретко се појавуваа заедно на јавни настани и ја чуваа својата приватност исклучиво за себе....

Популарниот водител Огњен Амиџиќ веќе со години е во хармоничен брак со моделот Данијела Димитровски.

Двојката ужива во љубовта и го имаат синот Матија, на кого се обидуваат да му обезбедат безгрижно детство.

Foto Facebook/ Ognjen Amidzik

Помалку познат е фактот дека водителот веќе има еден брак зад себе, со негова поранешна колешка.
Имено, Огњен беше во брак со Милица Марковиќ. Двајцата се запознаа на ТВ Пинк, додека Милица работеше таму за информативната програма а се венчаа во 2006 година.

Foto Facebook/ Ognjen Amidzik
Фото Женски Магазин
foto ekskluziva.ba

Тие беа во брак четири години, но ретко се појавуваа заедно на јавни настани и ја чуваа својата приватност исклучиво за себе.

Фото Фејсбук/ Milica Markovic

– Едноставно не ми се допаѓа кога луѓето нè фотографираат заедно, бидејќи се обидувам да го чувам во тајност нашиот приватен живот. Огњен е јавна личност, но мојата работа е нешто сосема друго – рече Милица додека беше во брак со водителот, пренесуваат медиумите.

До крах на бракот дошло бидејќи, како што еднаш изјавија љубовта згаснала и тие се разделиле но останале пријатели.

Фото Фејсбук/ Milica Markovic
Фото Фејсбук/ Milica Markovic

Првата сопруга на Амиџиќ ја напушти розовата телевизија и продолжи да гради кариера во корпоративниот свет, во маркетинг агенција.

Инаку Данијела (33) и Огњен Амиџиќ (45) се редок пар на српската јавна сцена кој не зборува премногу за својата љубов и кога тоа го прават, не го прават премногу гласно и пречесто со што би ја задушиле јавноста.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Данијела Димитровска која е една од најпознатите манекенки, и е со македонско потекло и водителот Огњен Амиџиќ важат за еден од најсексапилните парови на балканската естрада. Тие се во брак веќе десет години, а во нивниот љубовен живот не постојат скандали.

Во едно интервју за Story.rs водителот зборуваше за тоа каков е нивниот однос и за јавноста откри неколку детали кои до сега никој не ги знаеше.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Откако го добија синот Матија, во 2013 година, овие двајца посветени родители даваат се од себе за да му овозможат што подобар живот на наследникот. Авторот и водител на емисијата „Амиџи шоу“ на Пинк телевизија е исто така музичар и продуцент, а поседува и сопствено студио во кое активно работи на креирање песни за уметниците со кои соработува.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

Данијела денес е успешен претприемач. Ниту таа не работи само една работа. Таа е сопственик на модната агенција “Models Inc” која е ексклузивен застапник на „Елит Модел Менаџмент“, исто така таа е сопственик на ексклузивен козметички салон за „козметика“ во Врачар.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Двајцата сме пренатрупани со обврски, но се обидуваме да не го натераме Матија да страда поради тоа. Голем е, полесно е да се грижиме за него сега. Иако имаме многу работа, ние секогаш се обидуваме да го возиме до и од училиште, да поминуваме време со него кога е дома. Се обидуваме девојчето кое се грижеше за него уште од неговото раѓање да дојде само еден час пред тој да си легне, а целото останато време, кога не е на училиште, со него да бидеме ние рече Огнен за Стори.

Фото Вистина.мк

– Работата наметнува толку многу обврски што можеби не можев да им се посветам на сите мои пријатели како што сакав. Ја изгубив приватноста и слободното време рече Огњен.

– Ние сме заедно долго време и ништо не ни е навистина тешко. Ние се поддржуваме еден со друг. Брак како и секој друг – лудо возење во секоја смисла. Има подеми и падови, но важно е да се обидете да додадете бензин кога треба и да закочите кога ќе видите дека е доволно добро – рече Данијела, која се сретна со шармантниот водител за време на гостувањето во неговата емисија, но уште кога тие се запознаа во Америка, каде што таа живееше и работеше во тоа време, страста започна да се разгорува.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Иако нашата суштина е иста, ние сме двајца сосема различни луѓе. Сепак, ние сме доказ дека спротивностите се привлекуваат и се надополнуваат едни со други. Огњен е порелаксирано момче, кое знае како да ме смири, додека јас сум тука за да го вратам во реалноста ако премногу се опушти – рече Данијела. Бидејќи ја замени својата работа како модел со кариера на директор на модна агенција поради бракот и детето, нејзиниот претприемачки дух се погрижи успехот на тоа поле да не недостасува. И, тоа беше одлична отскочна штица за проширување на нејзините деловни активности, па пред извесно време отвори престижен козметички салон за „убавина“ во Белград. Таа знае многу добро да размислува за своите приоритети, а организацијата е нејзината светла страна, па успева да му се посвети на синот, но и на сопругот.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

– Сè е прашање на добра организација, имаме и девојка која ни помага и без неа не знам како би успеале, Ние се обидуваме да го направиме детето наша грижа, а бабите да уживаат во нвната улога и кога ќе се грижат за него и кога ќе поминат време со него тоа да м бде задоволство а не тешкотија, вели Данијела.

– За мене тоа се најголемите и најважните обврски. Навистина се обидувам секогаш кога можам да го поминувам времето што е можно повеќе со него. Што се однесува до Матија, ништо не ми е тешко, само сакам да бидам одморен кога сум со него за да можам да го дадам својот максимум. Тој е посебна фигура во мојот живот – истакнува водителот кој тврди дека секое несогласување меѓу него и неговата партнерка се решава лесно, така што другиот чувствува кога е време да се реши „спорната ситуација“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close