Кафе муабет
Николија се породи пред 10 дена, а веќе изгледа како НИКОГАШ да не била брмена!
Николија и Реља Поповиќ, сопругот на пејачката, не сакаат да го откриваат јавно името на нивната втора наследничка...
Ќерката на Весна Змијанац, пејачката Николија Јовановиќ се породи пред десетина дена и го роди своето второ дете.
Николија и Реља Поповиќ, сопругот на пејачката, не сакаат да го откриваат јавно името на нивната втора наследничка.
Пејачката неодамна ја напушти породилната болница и се врати во семејната куќа, а сега покажа и одлична линија по породувањето.
Николија позираше во зелена топ маица и високи хеланки, а нејзините придружници беа воодушевени од глетката.
-Да го забележам моментот додека сè уште имам облини – напиша таа во описот на фотографијата, а многумина беа зачудени како ја донесе линијата до совршенство за толку кратко време.
За потсетување Николија и Реља веќе ја имаат ќеркичката Реа, но Николија ретко споделува слики од својот приватен живот, за разлика од своите колешки.
Николија во едно интервју раскажа дека таа не е типична жена и не знае како таа и Реља би функционирале доколку не се пејачи туку имаат некоја сосема друга професија.
Таа призна дека како и секоја двојка и тие имаа проблеми во заедничкиот живот:
-Потребна е многу љубов и труд за да може врската да опстане. Треба да се прават компромиси, и ние тоа го правиме во нашата заедница, вели Николија.
Инаку нејзина мајка е познатата пејачка Весна Змијанац, а таткото на Николија, Владимир Јовановиќ е доктор по економски науки и не ја поднесува естрадата.
-Татко ми е „алергичен“ на сè што има врска со шоубизнисот, од времето кога тој беше со мајка ми. Тој, како доктор на науки, ме советуваше да не се занимавам со пеење“ – ќе изјави еднаш Николија.