Кафе муабет
“Не ми е потребен маж за да бидам комплетна”: Оваа изјава на Цеца ќе ве изненади- што ли ќе каже Богдан на ова?
Цеца и Богдан се во хармонична врска но сепак тој не сака многу да се експонра во јавноста...
Врската меѓу Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ е главна тема во сите медиуми, а неодамна пејачката откри зошто нејзиниот партнер не и прави друштво на настапи, но и како се запознале.
Инаку Цеца и Богдан се во хармонична врска но сепак тој не сака многу да се експонра во јавноста а според неа, тој факт не ја менува нивната совршена врска која ја имаат.
Цеца е голема ѕвезда но сепак тоа не му претставува товар на Богдан, кој ја прифати токму онаква каква што е.
– Богдан е зрел човек и има свои одговорности. Тој воопшто не сака да се експонира и да оди со мене по моите настапи. Ние функционраме одлично. Богдан многу добро знае со кого е и не му пречи што сум толку изложена во јавноста. Прво бевме пријатели и оваа убава приказна произлезе од тоа пријателство – вели Ражнатовиќ за „Република“.
Исто така, Цеца подолго време беше сама но признава дека периодот на осаменост не и бил тежок, но дека смислата и љубовта ја барала во семејството, а не во мажот.
– Важно е секој човек да има своја половина. Имав и подолги периоди на осаменост, но сепак не бев нефункционална. Најдов значење и љубов кај моите деца, публиката. Не ми треба маж да бидам комплетна. Не можам да бидам со некого само за да не бидам сама. Повеќе би сакала да бидам сама отколку со било кој – смета пејачката и додава:
– Убаво е со Богдан и сè додека е така, ќе бидеме заедно. Животот ми е луд, само ми треба да стапнам на лудиот камен. Се омажив во минатиот век но во овој би останала сама. Не ми треба хартија за да бидам среќна. И тој има брак зад себе и прекрасна ќерка, па не ни треба ништо повеќе од она што го имаме – заклучила таа.