Дом и семејство

Ја нарекуваат лоша мајка затоа што децата ги воспитува на чуден начин: „Мрзлива сум и не ми е срам“

Таа објасни зошто решила да прифати мајчинство без помош...

Аманда Мелроус има 41 година и е мајка на три деца.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

Таа реши искрено да проговори за нејзината грижа за децата и за тоа дека често пати е метаљ на критики поради релаксираниот пристап кон родителството.

Сега  таа реши да им стави крај на сите негативни коментари со снимање на видео за својот канал на Јутјуб, наречено „Јас сум мрзлива мајка и не се срамам “.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

На истото видео, таа објасни зошто решила да прифати мајчинство без помош, што често значи да им дозволи на нејзините деца да прават што сакаат, пишува „Sun“.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

– Сега кога мојата најстара ќерка има 6 и пол години, ја учам да си подготвува храна за себе, и ако направи хаос, треба сама да исчисти. Ние сме семејство, тим. Мама не мора да се грижи за целото семејство. Очекувам близнаците, кои сега имаат 18 месеци, да ми помагаат кога ќе пораснат. Пејтон ми помага со садови и перење алишта, подготвува едноставни јадења и купува намирници – рекла Аманда.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

За разлика од повеќето мајки, во куќата на Аманда нема распоред – децата се будат и легнуваат кога сакаат и јадат кога се гладни. Ако бебињата се будат во текот на ноќта, таа не се обидува да ги смири и заспие, туку само им дозволува да продолжат да играат.

– Нема комплициран систем на награди, нема казни или земање транспортер кога треба да одат, па затоа се навикнуваат на одење- нагласува Аманда. Покрај тоа, таа не се меша во образованието на својата ќерка , но наместо да учи со неа, таа ја носи на пример во музеј.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

– Размислувам за редовно училиште, да станам во одредено време, да ги подготвувам децата за на училиште, да ги носам таму. Потоа, треба да се осигурам дека ги завршија своите домашни задачи и да одам на родителски состаноци кај наставниците. Овие се само начини како училиштето може да ви го одземе животот, а јас не сакам да го сторам тоа. Претпоставувам дека сум само мрзлива да се вклучам во сè што бара училиштето – вели мајката.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

Причината поради која Аманда е популарна на социјалните мрежи е видеото во кое нејзините бебиња се борат, а таа не се мешаше и не се обидуваше да ги запре. Луѓето веднаш почнаа да коментираат негативно, а Аманда смета дека на децата треба да им се дозволи сами да ги решаваат своите проблеми, доколку не постои ризик од повреда или опасност.

Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes
Фото Инстаграм/ Twenty Tiny Toes

– Не се мешам, ако тие се расправаат, им дозволувам сами да го решат проблемот. Не ја забавувам ќерка ми, се разбира, поминувам време со неа и играм, но ако работам нешто друго низ куќата, очекувам да смисли како да се забавува сама. Ова може да вклучува и гледање во телефонот што е добро, но не секогаш. Неверојатно е колку децата можат да бидат способни и креативни, кога отстапувате од ограничувачките правила – заклучува мајката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close