Кафе муабет
Јелена се омажи со шеик, а нејзинот брат се ожени со најубавата ријалити ѕвезда на Балканот
Јелена Јаковлевиќ Бин Драи го чека своето четврто дете со арапскиот бизнисмен Саид, а парот веќе има три деца: ќерката Асија, синовите Хилал и Хамад ...
Јелена е поранешна српска манекенка мисица и моден дизајнер. Откако стана дел од семејството Бин Драи, Јелена важи за една од најбогатите Србинки во светот.
Јелена Јаковлевиќ Бин Драи го чека своето четврто дете со арапскиот бизнисмен Саид, а парот веќе има три деца: ќерката Асија (11), синовите Хилал (10) и Хамад (6).
Јелена во 2003 година го запознала арапскиот бизнисмен Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милјарди долари. Во 2008 година се венчале во Дубаи, а на свадбата присуствувале околу 300 гости. Тие во 2010 година ја добија ќерката Асија, а во 2011 синот Хилал и во 2013 Хамадан.
Јелена бин Драи е многу среќна што ќе стане мајка по четврти пат, а семејството е многу среќно и едвај чека да го запознае новиот член.
Убавицата пред извесно време конечно проговори на оваа тема, но не откриваше детали.
– Не очекувавме. Иксрено бевме изненадени, но секако тоа е многу пријатно изненадување за нас и напето семејство, изјавила Јелена а потоа на прашањето дали во тропскиот Дубаи владеело возбуда поради доаѓањето на четвртиот член, таа вели:
– И двајцата сме возбудени, како и сите претходни пати, дури и можеби сега повеќе бидејќи ова не беше очекувано, но ми се чини дека Саид е повеќе возбуден и многу е нестрплив да го запознае новиот член на нашето семејство.
Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.
Јелена денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.
Таа важи за една од најбогатите Србинки и е родена во Забаj кај Нови Сад. Нејзините родители се воспитувачи, а она што е малку познато е дека таа има и брат Предраг Јаковљевиќ, кој е исто и како неа прекрасно момче и е оженет со поранешната учесничка на „Големиот брат“.
Пеџа исто така живее во Дубаи и е во брак со Ранка Јаковљевиќ, која се појави во реалното шоу „Големиот брат“ во 2007 година и веднаш ја маѓепса публиката со својата убавина, а беше прогласена и за најубава домаќинка.
Пеџа и Ранка денес живеат и во Дубаи и се родители на две деца.