Кафе муабет
Вистината за крајот на бракот: Еве што прават Северина и Игор по разделбата!
На почетокот двајцата ги демантираа разните гласини кои ќе ги пласираа медиумите, но повеќе не го прават тоа...
Повеќе од една година брачниот пар Северина и Игор Којиќ не живеат заедно а медиумите на големо пишуваа за нивната разделба.
На почетокот двајцата ги демантираа разните гласини кои ќе ги пласираа медиумите, но повеќе не го прават тоа.
Со оглед на тоа дека веќе нема ниту заеднички фотографии очигледно е дека парот ставил крај на бракот и се решле за развод.
Сепак, и покрај бројните шпекулации, на повидок е одговорот на прашањето што се случило со нивната врска, бидејќи еден потег откри сè.
Пејачката го следеше само Игор Којиќ на социјалната мрежа Инстаграм, каде има дури 1,3 милиони следбеници, но тоа веќе не е случај. Исто така, Северина повеќе не е на списокот на пријатели на Којиќ на споменатата социјална мрежа.
Во април, Којиќ беше виден во загрепски Козјак додека носеше куфери и костуми на закачалка и товареше работи во комбе со белградски регистрации, откриле очевидци за тогашниот портал „24сата.хр“.
Покрај тоа, се шпекулираше дека Северина веќе пронашла нова љубов. За фактот дека пејачката е блиска со Томислав Воштиниќ започна да се зборува сè погласно кон крајот на ноември минатата година, за што пренесоа и хрватските медиуми.
Во текот на минатото лето, Северина го однесе своето друштво во неговата модерна винарија до која ма половина час возење од Загреб, за што сведочи и фотографијата на нејзината социјална мрежа од септември минатата година. Бидејќи винаријата е во сопственост на Воштиниќ, започнаа шпекулациите дека Севе го преболела Игор.
Сепак, Томислав проговори и ги негираше гласините за нивната наводна врска.
Иако ниту Северина ниту Игор сè уште официјално не признаваат дека сè е готово меѓу нив, крајот, судејќи според сите информации, е неизбежен.
Веста за наводната љубовна афера меѓу нив ја демантираше и самиот Томислав, кој рече дека со северина се само добри пријатели.
– Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, туку во присуство на многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сè што читам во весниците е смешно за мене. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите, но оваа вест не е вистинита – ја заврши истакна Воштиниќ.
Единствено што е заедничко меѓу поранешните партнери е дека и двајцата уживаат во летото но секој на различна дестинација. Северина е во родниот град Сплит, каде што со своите пријатели посетува ресторани, а Игор ужива со друштво во Котор.
– Севе и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти неговата семејна куќа на Бежанијска коса и се пресели во Загреб. Одвреме-навреме се слушаат, но сепак никој не ја покрена темата за развод, па Игор се надеваше дека ќе успеат да ги надминат сите несогласувања и кога конечно ќе бидат видени повторно заедно во јавноста – истакна добро информиран извор за српски „Информер“ неколку месеци по разделбата.
За српските медиуми се огласи и таткото на Игор, Драган Којиќ.
-Не знам каде се ниту каков им е односот. Возрасни луѓе се и знаат што прават. Од друга страна, се што прават прават за себе, рекол Кеба, кој бил видно нерасположен, пишуваат српските медиуми.