Кафе муабет
Ќерката на Јелена Карлеуша ги собра сите погледи, таа е вистинска принцеза!
Роденденот беше инспириран од светот на куклите Барби
Aтина ги собра сите погледи на роденденската забава кај нејзината другарка Дарија…
Поголемата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошоќ има 12 години а веќе е многу популарна меѓу своите врсници.
Aтина сега ги собра сите погледи на роденденската забава кај нејзината другарка Дарија.
По повод 13-тиот роденден беше организирана луксузна забава и тоа беше идеална можност за собирање на многу пријатели.
Забавата беше организирана на врвот од зградата, со совршена декорација и џакузи за гостите а сето тоа допринесе за незаборавна прослава. А посебен „празник за очи“ беше доаѓањето на нејзината училишна пријателка Атина, познатиот инфлуенсер и „ТикТокер“.
Бидејќи роденденот беше во розови нијанси, убавата тинејџерска sвезда Атина Тошиќ блесна во мини кариран фустан во комбинација со бели старки кои совршено се вклопија во овој нејзин лежерен стил.
Девојчето кое има само 12 години веќе е вистински моден модел за тинејџерки, па за многумина врсници таа веќе е моден идол.
Инаку постарата наследничка на Карлеуша продолжува да привлекува внимание, а со секоја нова објава, оваа девојка предизвикува бура од коментари.
Јелена во една прилика истакна дека нејзината постара ќерка има потенцијал да биде голема sвезда, бидејќи таа веќе привлекува големо внимание на социјалните мрежи.
Во моментов Атина ја следат 128.000 луѓе на Инстаграм, и 105.500 илјади на ТикТок.
Очигледно, Карлеуша е вистински пример за нејзините ќерки, затоа што овие зборови посветени на нивната мајка буквално ќе ве расплачат…
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.