Кафе муабет

Помладиот брат на Жељко Јоксимовиќ 20 години е заљубен во оваа жена – погледнете каква убавица е неговата сопруга!

Саша и Невена се во љубов веќе 20 години а започнаа да се забавуваат уште за време на средното училиште...

Помладиот брат на поснатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Саша Јоксимовиќ, е во брак со продуцентката Невена Јоксимовиќ со која го има синот Илија.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Саша и Невена се во љубов веќе 20 години а започнаа да се забавуваат уште за време на средното училиште.

Во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.

„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Инаку, Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.

Саша и Невена со години живееа вистинска љубовна бајка која ја негуваат.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена во една прилика раскажа како нејзините родители го запознале зетот.

– Прв пат го видоа на фотографија. Имав 17 години, тој во тоа време веќе студираше во Белград, требаше да одам кај него но моите рекоа „не може“. И тогаш мајка ми ме праша дали имам слика од него, и ’го покажав и ми рече „ Добро “. Таа беше сликарка, па можеше да препознае сè по сликата – рече Невена во емисијата „Магазин ин“.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Инаку, Саша во една прилика истакна дека тој е и “луд и заљубен” во својата сопруга.

– Јас сум луд и истовремено заљубен, во мојата сопруга. Дали е тоа можно? Да бидам и луд и заљубен – напиша Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close