Кафе муабет

Младоженец купил невеста од Албанија за 4500 евра: Ги дал парите на стројниците- на крајот останал и без жена и без пари!

Неговиот братучед ја раскажа оваа приказна пред неколку години за да ги предупреди сите оние кои одат во Албанија по невестата, со порака- отвори ги очите...

Кога осаменоста на еден маж, ерген во 40-тата година од животот кој живее во село и се бави со земјоделство го доведува во очај, тогаш се решава за очаен чекор- купување невеста.

foto ilustracija

Таква е приказната за Блажо од едно кумановско село чии стари родители копнеат за невеста и детски плач, сонуваат во нивните раце да го држат внучето од својот син, па воден од нивната желба но и неговата осаменост Блажо реши да си ја проба среќата и да најде невеста од Албанија.

foto ilustracija

Заслепен од желбата да стане сопруг и татко беше идеална жртва на изневерување. Тој не успеа да најде девојче од околината, кое би го споделило својот живот со него во селото. Тргна на патување кон Албанија за да си ја најде својата невеста. Иако патот е долг, а бензинот е скап, сепак таа патека не може да чини најмалку 7.000 евра, колку што дал овој човек.

Невестата за која платил не пристигна во селото

Тој не беше ни свесен дека е измамен. Тој само вели дека едноставно немал среќа. Неговиот братучед ја раскажа оваа приказна пред неколку години за да ги предупреди сите оние кои одат во Албанија по невестата, со порака- отвори ги очите!

foto ilustracija

– Мојот братучед ја најде таа жена која наводно ги поврзува Албанките и нашите момци од селото кои се плашат дека ќе останат сами. Тој мораше да го стори тоа, жените од нашиот крај не сакаат да се мажат во селото. Не е важно сега, накратко, мојот братучед отиде во Албанија да ја земе невестата – сведочеше соговорникот на овој немил настан од пред неколку години.

Тој се согласи да и даде на жената која посредуваше по 30 евра дневно за секој ден во Албанија и уште 30 на нејзиниот асистент и возач, плус патни трошоци. Таму тие контактирале Албанец кој треба да ги запознае со една млада невеста.

foto ilustracija

– Првиот пат братучет ми беше во Албанија четири дена и се сретна со една млада жена која рече дека работи во фабрика за чевли во Тирана. Тие разговараа, се држеа малку за раце и разменуваа мали нежности. Мојот братучед се врати дома пијан. Тој ми рече дека невестата е убава, фина, скромна, сонот на секој човек. Не можеше да поверува во својата среќа. Патувањето тогаш го чинеше скоро 1.000 евра, со дневници на сите тие луѓе – сведочеше соговорникот за лошото искуство.

foto ilustracija

По состанокот, дојде денот младоженецот да ја земе невестата во Албанија. Повторно, дневници за стројничката и нејзината асистентка, повторно патни трошоци, храна, пијалоци, сместување. Овој пат требаше да даде 4.500 евра, кои наводно се за Албанецот кој ја пронајде невестата.

– Братучет ми го плати тој Албанец, а невестата влезе во автомобилот и сите заминаа за нашето село. Братучет ми рече дека невестата е тажна, дека плачела по пат , што го остава нејзиното семејство, особено нејзината сестра. Поради тоа, тие решија да застанат покрај кафуле на патот, да се напијаат нешто и да ја направат невестата малку среќна. Кога седнале, невестата побарала телефон во кафулето за да и се јави на својата сестра уште еднаш, пред да ја премине границата. Мекото срце на мојот братучед никогаш не би го одбило тоа. Да ја скратам приказната, невестата не се врати на масата – вели сведокот.

foto ilustracija

Блажо тргнал во потрага по невестата со стројникот и нејзината асистентка но девојчето излегло од другата врата и исчезнало некаде. Единствено што е логично е дека некој дошол да ја земе со автомобил, чекал од другата страна на кафулето и ја вратил дома. Логично е и дека тој ги следел „младенците“ цело време со друг автомобил и ја чекал девојката каде што треба.

foto ilustracija

– Дури тогаш се сетив дека братучед ми рече дека Албанецот му навестил на првиот состанок дека му носи девојка, но дека за неа гарантира само додека не влезе во автомобилот. После тоа- таа е твоја, му беше речено. Кога тој ја праша посредничката која работи за 30 евра на ден, што да прави сега, таа го искара со зборовите – не сум јас крива што не си се погрижил за невестата! Она што ми е најтешко е што братучет ми мисли дека невестата навистина се предомислила, не може да поверува дека е жртва на измама.

Фото твитер

Кутриот за две години ќе наполни 40 години и е сам. Сите заштеди ги потроши на невестата во бегство. Тој сепак не се предава.

Тој бара друга агенција што ќе му најде албанска невеста, исто толку убава, пријатна и скромна, како што за малку ќе си земеше.

foto ilustracija

Неговиот братучед вели дека Блажо е исклучително вреден човек, добар домаќин, но наивен и желен за брачен кревет и детски плач.

Вистинита приказна (ликовите во приказната се измислени)…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close