Кафе муабет

ПРЕСТАНАВ СЕКАКОВ КОНТАКТ СО МАЈКА МИ И ТОА Е НАЈДОБРАТА ОДЛУКА: Минатата година родив ќерка, сфатив што сум сторила и во едно сум сигурна!

Кејт решила да го прекине секој контакт со својата мајка бидејќи како што вели таа целиот живот и нанесувала само болка и никогаш не била мајка каква што таа посакувала да има.

Новинарката  колумнист Кејт Вилс, во една своја колумна опишува како се соочува со одлуката да ја отстрани својата мајка од животот.

Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills

Имено Кејт решила да го прекине секој контакт со својата мајка бидејќи како што вели таа целиот живот и нанесувала само болка и никогаш не била мајка каква што таа посакувала да има.

Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills

Кога ќе одлучите да отстраните родител од вашиот живот, има моменти од кои се плашите нивните и вашите родендени и големите празници. И има еден ден од кој се плашите постојано,  до крајот на животот.

Тоа е денот на нивната см-рт. Долго време нервозно го чекав тој страв, вели колумнистката на списанието „The Sun“, новинарката Кејт Вилс, која ги прекина сите врски со нејзината мајка.

Фото Инстаграм/Kate Wills

– Луѓето се шокираат кога ќе дознаат. Потоа ми кажуваат работи како таа ми е мајка и покрај сè и дека на моето семејство му е простено за сè . Многумина ми објаснуваат дека никој од родителите не е совршен, дека ќе ми биде жал кога мајка ми ќе ум-ре и слични работи.

Секако, знам дека тие ми мислат добро. Забораваат дека имаат привилегија да имаат добри, или барем доволно добри родители. Барем толку добри за да ги посакуваме во нашите животи.

Ова е табу тема, но всушност е вообичаено родителите и децата да се разделат. Само во Англија има околу пет милиони такви случаи, според компанијата “Stand Alone” која се занимава со поддршка на такви луѓе.

Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills

Кејт посочува дека со својата мајка отсекогаш имала дисфункцонална врска, и моменти кога таа сосема ја игнорирала.

Не можам детално да објаснам зошто ги прекинав сите односи со мајка ми затоа што бара многу повеќе простор и време од една колумна. Сепак, отсекогаш сме имале дисфункционална врска, со епизоди кога нејзиното занемарување ме ескалираше. Да речеме кога имав седум години и седев во полна када со врела вода. Имав плускавци по целото тело. Кога моите се разведоа, имав 15 години и таа отиде да живее со своето ново момче. Останавме во контакт тогаш, но јас секогаш неволно одев да ја видам. Се враќав од тие состаноци тажна и лута.

Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills

Сфатила дека таа никогаш нема да се промени!

Со текот на годините Кејт вели дека почнала да сфаќа дека нејзината мајка никогаш нема да биде мајка каква што и е потребна на неа.

Фото Инстаграм/Kate Wills

На крајот, на 34-годишна возраст, додека минував низ сопствениот развод, престанав да и се јавувам и и го блокирав бројот. Врската со мајка ми ми предизвикува болка со години. Одлуката да ја отстранам од мојот живот е најтешка, но и најдобрата што можев да ја донесам. А сепак, односот родител-дете е специфичен, особено односот мајка-ќерка. Затоа и денес се прашувам.

Фото Инстаграм/Kate Wills

Минатата година ја родив ќерката Блејк и уште повеќе размислувам за мајчинството. Партнерот постојано ме прашува дали има шанса да ги подобрам односите со мајка ми, барем поради Блејк. Нема шанси затоа што мислам дека моја обврска е да го заштитам моето семејство од токсични односи и ситуации што мајка ми би ги донела со своето присуство.

Фото Инстаграм/Kate Wills

Се разбира, многу пати се прашувам што ќе се случи кога мајка ми ќе ум-ре. Замислувам како ќе дознаам, кој ќе ме извести – таа сè уште е во контакт со татко ми, но не и со сестра ми. Се прашувам како ќе се чувствувам. Без сомнение ќе бидам тажна. Како и да е, бидејќи веќе се покајав за нашата врска, сигурна сум дека покрај тагата, ќе чувствувам и олеснување, завршува Кејт.

Фото Инстаграм/Kate Wills
Фото Инстаграм/Kate Wills

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close