Дом и семејство
Сопругот ме обвини дека сум мрзлива – го оставив дома три дена сам со децата, еве колку пати ми се јави!
Таа вели дека сопругот ја нападнал затоа што сакала да одмори кратко...
Една жена сакајќи да му покаже на својот сопруг дека иако е по цели денови дома сепак се чувствува изморено бидејќи постојано го средува нередот во куќата, иако тој не верувал во тоа.
Оваа англичанка решила да му приреди тридневен предизвик на сопругот и да му даде до знаење дека понекогаш е тешко истовремено да се грижи за деца и да се грижи за куќата.
– Имаме 12-годишен син и уште еден син кој има само 13 месеци. Пред пандемијата, работев со скратено работно време, а откако започна пандемијата, цело време бев дома. Моја задача е да се грижам за куќата и за децата – ја започна таа својата приказна.
Таа вели дека сопругот ја нападнал затоа што сакала да одмори кратко.
– Имам прилично строг распоред до кој се држам за да можам да се грижам за домот и да ги завршам домашните обврски, но и да му помагам на мојот син со домашните задачи. Минатата недела имав мигрена и ништо што испив не помогна да се ублажи болката. Во одреден момент по 15 часот, откако мојот син си дојде од училиште и бебето заспа, легнав на каучот и се обидов да ја намалам главоболката, што ми помогна – објаснува таа.
– Мојот сопруг се врати дома додека јас спиев и тој не беше расположен, па почна да ми вика дека не правам ништо цел ден освен спиење, јадење и дебелеење. Се обидов да му објаснам дека не се чувствувам добро и дека морам да дремнам. Ми рече дека тоа е само изговор и дека ќе биде подобро ако сум била на работа цел ден, а тој да е дома со децата.
– После тоа, тој зема неколку дена одмор, а јас се договорив со една пријателка да го ставам на тест. Излегов од дома на 3 дена и му оставив дневен распоред. Првиот ден ми се јави 20 пати затоа што не можеше да се справи со домашните задачи на нашиот син и не може да се грижи за бебето. Тој ми рече дека не може да оди ниту во тоалет без на некој од нив да им треба нешто – објаснува Англичанката и продолжува:
– Вториот ден ми се јави 10 пати со истите поплаки. И двата дена спиеше на каучот, бидејќи беше истоштен од обидот да ги заврши сите домашни работи и да се грижи за децата. Кога се вратив дома на третиот ден, го најдов како спие на каучот и не сакав да го разбудам. Косев трева, искорнав плевел, ја исчистив куќата и подготвив вечера. Се обидов да го разбудам да јаде, но тој не можеше да стане.
Сопругот едвај се грижеше за куќата. Ми рече дека намерно го сторив тоа за да покажам дека е лош родител. Реков дека не е вистина, но дека го сторив тоа за да му одржам лекција и да разбере дека само затоа што легнав не значеше дека не сум правела ништо цел ден. За среќа, постариот син знае да се снајде самостојно кога станува збор за домашните задачи, а бебето се разбуди во 7 и повторно заспа околу пладне – ја завршува својата приказна оваа мајка.