Кафе муабет
Половина метар е повисок од сопругата и беше тежок 150 килограми – погледнете како изгледа сега, нема да го препознаете
Актерот кој се прослави во "Игра на тронови" целосно се трансформираше
Тој изгуби 50 килограми со цел да добие мускули и мускулна маса и навистина трансформацијата е огромна…
Актерот Хафпор Тор Бјорнсон кој се прослав со улогата на „Планина“ во серијата „Игра на тронови“ сними документарец во кој се фокусираше на својата трансформација.
Но Хафпор повеќе не е „планина“, тој сега официјално е „карпа“. Тој изгуби 50 килограми со цел да добие мускули и мускулна маса и навистина трансформацијата е огромна.
Актерот и бодибилдер ја објави трансформацијата на социјалните мрежи.
“Од 205 до 155 килограми. Еве што јадам и како вежбам”, објави Хафпор на Инстаграм.
Во документарецот, Хафпор покажа како изгледа еден негов ден во теретана и што јаде.
Поголемиот дел од неговата диета се состои од овошје, јогурт и овесни снегулки кои ги јаде наутро, а потоа преминува на месо, ориз, пилешко, компири и зелена салата.
Актерот сè уште јаде повеќе од она што би требало за просечен маж, но сепак со многу вежбање успеа да изгледа онака како што изгледа сега.
Но она што секогаш предизвикува низа коментари се заедничките фотографии со неговата сопруга, Келси со која добија син во септември минатата година.
Поради разликата во висина (половина метар) и тежина (130 кг), секоја нивна фотографија предизвикува големо внимание, па така беше и со оваа.