Кафе муабет
“Ако сакате да ви успее бракот, најдете љубовник”- Еве како зборуваше легендарната дизајнерка и колумнистка Жужи Јелинек за љубовта и врските!
Од обична шивачка, стана моден дизајнер, а потоа и писателка...
Жужи Јелинек беше хрватска легендарна дизајнерка, стилистка, колумнистка која на свои 22 години пишуваше колумна за сексот во хрватскиот неделник Glory а има напишано и бројни книги.
Нејзините книги главно се засноваа на љубов и убавина. Она што воодушеви многумина е тоа што таа немаше влакна на јазикот и беше секогаш отворена и многу смешна, зборувајќи за машко-женските односи.
Родена е во 1920 година и почи-на во 2016 година.
Дури и во својата 94-та година, таа продолжи да зборува за љубовта. И тогаш имала голема желба да биде интимна со нејзиниот сопруг, но, како што рече во една прилика, тој бил премногу стар за тоа. Никогаш во животот не жалела за ништо и вели дека би сакала да повтори сè. Од обична шивачка, стана моден дизајнер, а потоа и писателка.
Една од најважните сфери во нејзиниот живот беа љубовта и љубовните врски. За жените, таа секогаш имаше корисен, но и смешен совет: “За мажите тоа е исто како да пуштаат вода во вц шољата, немаат чувства. Тоа е само техника. Затоа жени бидете паметни. Ако се сомневате во верноста на сопругот, не го оставајте.
Пронајдете и вие некој, но никогаш немојте да го признаете тоа. Вашиот брак сигурно ќе успее.
“Таа исто така ги советуваше жените да уживаат повеќе во љубовта:
„ Имав многу мажи додека бев сингл, но никогаш не ги изневерив сопрузите. Тука има многу работа за да го организираш животот и со сопругот и со љубовникот.
Сега жалам за секој маж кој сум го одбила. Затоа, ги советувам жените да си го дозволат секое момче што го сакаат. После тоа можеби ќе жалите за пропуштените можности.
“За да ја задржите страста во кревет, нејзиниот избор отсекогаш била привлечна долна облека.
Инаку нејзиното вистинско име е Сузана Фабер а родена е во Будимпешта во 1916 година, како најмлада од три деца.
Пораснала во сиромашно еврејско семејство.
Кога имала само 17 години, Жужи почнала да работи во париската фабрика на Нина Ричи како кројачка. Кусо време работела и за познатата модна дизајнерка Коко Шанел.