Кафе муабет
Тело без oблини и неуредни заби – Цеца на почетокот од кариерата изгледала како друга жена
Таа важи за една од најатрактивните жени на Балканот. Но сепак не секогаш Цеца изгледала вака....
Една од најголемите ѕвезди во регионот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, од самиот почеток на својата кариера важи за жена за која многу мажи сонуваат.
Таа важи за една од најатрактивните жени на Балканот. Но сепак не секогаш Цеца изгледала вака.
Пејачката на почетокот од својата кариера изгледаше многу поразлично и кога е нејзиниот стил во прашање. За разлика од сега, кога најчесто ја гледаме во елегантни и женствени модни изданија, во младоста имаше многу поразличен имиџ.
Фановите сепак ја обожаваат и постојано и делат комплименти за нејзиниот изглед иако знаат дека пејачката има направено неколку промени на своето тело.
Сликите на пејачката од нејзината младост покажуваат дека Цеца направила корекција на лицето, усните, гpaдите, како и ботокc. Во секој случај, таа го смени личниот опис, што не е изненадувачки затоа што старееше.
Сепак, не можеме да не се прашуваме дали Цеца ќе остареше толку убаво без помош на пластичен хиpypг.
Погледнете неколку слики од минатото, кога пејачката немаше толку блескава насмевка, совршени гpaди и лице…:
Но сепак мора да се напомене дека уште од самиот почеток кога се појави на сцената сите фотографи ја бркаа, па едно време беше постојано на насловните страни, и тоа во поприлично провокативни изданија. Цеца својата кариера ја започна многу млада, кога имала само 15 години со хитовите „Цветак зановетак“ и „Ципелице“.