Кафе муабет
Ако сакате сигурна врска, бегајте од овие 2 хороскопски знаци
Ако сте во потрага по вистинскиот партнер, можеби треба да се консултирате со астрологијата.
Некои од нас го поминуваат речиси целиот свој живот барајќи го вистинскиот партнер. Во таа потрага, кога велиме „вистинскиот“, замислуваме личност која, покрај тоа што ни се допаѓа физички, има особини кои се вклопуваат со нашите.
Според астрологијата, постојат одредени хоросопски знаци кои се независни и на нив не можете да сметате секогаш ако барате стабилност. Еве кои хороскопски знаци се најлоши во љубовните врски.
Водолија
Водолиите се многу друштвени и се насочени на личната слобода, па не е лесно да ги задржете. Еднаш кога ќе се посветат, немаат проблем да останат засекогаш, но, проблемот е додека им го привлечете вниманието. Со нив владее Уран, тие имаат тенденција да бидат комплицирани и тешки за разбирање. Па така изгледаат и ладни и оддалечени, ретко покажуваат емоции.
Водолиите честопати се доживуваат како снегулки – на некој начин им припаѓаат на сите и воопшто не сакаат да се поврзуваат. Така, дури и ако се достапни, однпред размислуваат за тоа како ќе изгледаат обврските и нема да им се допаѓа она што ќе го согледат. Друштвени се, интелигентни и многу дружељубиви, но се’ брзо им здосадува.
Стрелец
Слично како и Водолиите, и Стрелците не можат да седат мирно, а и не сакаат да бидат ограничувани. Стрелците живеат во целосна слобода, па посветеноста не им е силна страна. Не им е битно што мислат другите и живеат по свои правила. Стрелците се многу љубопитни, но исто така и големи нарциси што многу и не одговара во една љубовна врска.