Кафе муабет
Погледнете како изгледа сопругата на Вело Марковски 4 месеци откако се порoди
Евгенија повторно е во топ форма, а се породи пред само неколку месеци
Сопругата на Вело Марковски е преубава бринета која што со својот шарм го освои срцето на познатиот професор и инфектолог.
Тие и покрај разликата во годините важат за совршен пар кој ужива во улога на родители и во секој момент поминат со своите наследници.
Вело Марковски стана познат на македонската јавност со неговите бројни гостувања во нашите телевизии и со неговите ставови во врска со епидемијата. Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава. Некои од неговите ставови кои беа спротивни на оние што ги пласираше власта, беа поприлично критикувани од еден дел на јавноста и стручното мислење, но повеќето од нив всушност беа точни. Таков на пример беше неговиот став дека докторите треба да намалат со давањето антибиотици кај пациентите кај кои е дијагностицирано дека се заразени со Ковид, кои некои доктори им ги препишуваа „за секој случај“, за што тој апелираше и преку својот профил на социјалните мрежи.
Интересно за него е и тоа што е во брак со Евгенија Николовска Марковска која исто така и е позната на нашата јавност.
Евгенија е поранешен модел и манекенка која во нејзината кариера се има појавено на бројни ревии и има освоен повеќе титула на разно-разни избори за убавина. Таа се има појавено и во неколку македонски спотови, а од пред неколку месеци повторно се најде во центарот на вниманието.
Имено, и покрај тоа што Вело и Евгенија својот приватен живот го чуваат далеку од очите на јавноста, понекогаш се случува „под радарот“ да поминат некои информации за нив.
Таков беше случајот кога поубавата половина на професорот пред неколку месеци се породи и повторно се оствари во улога на мајка.
Таа среќната вест дека роди ќеркичка самата ја сподели на социјалните мрежи, а од бракот со Вело веќе има и еден син.
Па на тој начин јавноста откри дека љубовта на неговиот живот е убавата Евгенија, која Вело долго време ја чуваше од очите на љубопитните погледи. Таа воедно е и негова најголема поддршка, но и критичар за сето она што го прави во својата кариера, а колку Марковски е вљубен во неа може да се забележи и од нивите заедничките фотографии на социјалните мрежи.
Тој дури и запеа неодамна, а видео записот на Јутуб на кој пее позната македонска песна веднаш стана вирален.
Но многу поактивна на социјалните мрежи е неговата сопруга, која откако се породи објави неколку фотографии со кои ги изненади сите.
Имено, на нив таа изгледа прекрасно, а бременоста воопшто не и се познава и тоа речиси по само неколку недели од породувањето.
Од фотографиите можеме да видиме дека убавата Евгенија ужива во мајчинството и максимално е посветена на своето бебе, но и дека сите свои обврски ги извршува со многу елан и радост така што ништо не и е тешко.
Без да биде премногу оптоварена со својот изглед ужива во благодатите на мајчинството и во растењето на нивните наследници.
Па, погледнете како убавата Евгенија изгледа сега, на почетокот од петтиот месец на нејзината мала ќеркичка.