Градинка

Како да направите децата да се чувствуваат сакано?

Секако дека секој родител го сака своето дете, но како да го покажете тоа?

Во денешното стресно и премногу зафатено време, понекогаш навистина е тешко да најдеме време за да му покажеме на детето колку го закаме. За среќа, постојат некои работи кои можете да ги вклучите во вашата секојдневна рутина, а со кои ќе го уверите детето во вашите чувства кон него.

Поминувајте квалитетно време со секое дете

Ова се однесува на родителите кои имаат повеќе од едно дете. Важно е да му посветите квалитетно време на секое дете посебно, дури и ако се работи за 15 минути дневно. Тие 15 минути на детето му се многу значајни затоа што му давате до знаење колку се грижите.

Одредете граници

Можеби звучи чудно, но домашните правила и граници всушност му помагаат на детето да се чувствува сигурно и утешено, дури и кога се жали дека мора да оди на спиење прерано или затоа што мора да седи на столот додека сите не завршат со јадењето…

Не прекинувајте го детето

Понекогаш децата многу зборуваат. МНОГУ. Но, дури и ако вашето дете по стоти пат ве праша исто прашање, важно е да не го прекинувате. Внимателното слушање е многу важно за детето. Во ред е да го прекинете ако детето почне да зборува широко за некоја тема, но дозволете му да го заврши она што го започнало.

Потрудете се да ги запознаете пријателите на вашето дете

Ако организирате игри и дружења, покажете интерес за пријателите на своето дете. Покажете му на детето дека се грижите за тоа во чие друштво е. На детето многу му значи ако ги повикате неговите пријатели на игра и ако се потрудите подобро да ги запознаете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close