Кафе муабет
Џон Траволта се присети на неговиот покоен син- му посвети порака која ќе ви го cкрши cрцето!
Актерската двојка Џон Траволта и Кели Престон имаа три деца за време на нивниот повеќедецениски брак: Џет, Бенџамин и Ела...
Славниот актер Џон Траволта, кој минатата година ја изгуби својата сопруга, пред 12 години го загуби и својот најголем син, Џет, додека биле на семеен одмор на Бахамите.
Актерската двојка Џон Траволта и Кели Престон имаа три деца за време на нивниот повеќедецениски брак: Џет, Бенџамин и Ела.
Џет Траволта, најстарото од нивните деца, пoчина во 2009 година, на 16-годишна возраст, за време на семеен одмор на Бахамите. Доживеал напад што бил фaален за неговиот живот, и покрај обидите на семејството да го oживее.
Актерот многупати има изјавено дека Џет бил дете со аутизам и имал напади уште од рана возраст.
Славниот актер, кој минатата година ја изгуби и сопругата Кели, се присети на својот син и сподели прекрасна фотографија од нив на Инстаграм.
Тој по повод роденденот на покојниот Џет напиша и емотивна порака, а на фотографијата покојниот Џет се насмевнува и гледа во леќата, додека актерот гледа во него.
– Среќен роденден, мој убав Џети. Те сакам – напиша Траволта.