Кафе муабет

Убавата Хурем изгледа волшебно по породувањето: Објави фотографија со својата наследничка- фановите воодушевени од нејзинот изглед!

Мерием изгледа прекрасно, а фановите се согласуваат дека мајчинството многу и одговара...

Убавата црвенокоса актерка Мерием Узерли, која ја воодушеви публиката со улогата на фаталната Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, пред неколку месеци го роди своето второ девојче Лили Кои.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Таа постојано објавува фотографии на социјалните мрежи со своите ќерки и може да се забележи дека навистина ужива во дружбата со нејзините најмили.

Мерием е мајка на шестгодишната Лара, која ја доби од врската со 17 години постариот турски бизнисмен кој ја остави додека беше бремена, а пред неколку месеци таа ја доби својата втора ќерка Лили Кои.

фото инстаграм
фото инстаграм

Мерием изгледа прекрасно, а фановите се согласуваат дека мајчинството многу и одговара.

Таа овој пат го крие својот партнер, а се знае само дека со него живее во Берлин и дека се чувствува исполнето и среќно.

фото инстаграм

Таа претходно беше критикувана од своите фанови поради своите естетски корекции на лицето.

foto instagram
foto instagram
foto instagram

Како што објавија турските медиуми, Мерјем пред некое време наводно направила естетска корекција на устата и јаболчиците, а и претерала со ботоксот. Од тие причини некои и замеруваат дека претерала, но за други пак, таа блеска посебно откако повторно се оствари во улога на мајка.

 

foto instagram

Но и покрај тоа што си замина од Турција, таа се уште е честа тема во турските медиуми и публиката се интересира за секој детаљ од нејзиниот приватен живот.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Сега сите се прашуваат кој е таткото на нејзината втора ќерка, но популарната актерка тоа не го открива.

фото инстаграм

„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, изјави таа пред неколку месеци и на тој начин ги заинтригира фановите.

Имено откако ја роди својата прва ќерка таа се повлече од јавната сцена и му се посвети на семејниот живот, а нејзината кариера ја остави во втор план.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Неодамна беше објавено дека планира да им се врати на малите екрани, но очигледно дека и овој пат наместо на кариерата таа е решена да се посвети на своето семејство.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

А тоа дека ужива во мајчинството, можеме да видиме и од нејзините фотографии на кои е со своите наследнички и кои редовно ги објавува на социјалните мрежи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close