Кафе муабет
ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ГАВАЗОВА: Честитки пристигнуваат од сите страни- пејачката пресреќна!
Неодамна нејзината постара ќерка или како таа милува да каже, нејзината прва среќа наполни 7 години, а на својот Инстаграм профил се пофали и со фотографии од домашната прослава...
Македонската пејачка Сузана Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ се доказ дека љубовта не прашува за години, верска определба и нација. На кратко, љубовта не познава граници а од бракот имаат и две ќерки.
Инаку, Сузе и Јасмин се горди родители на две прекрасни девојчиња, Емили и Селена. Гордата мајка често на Инстаграм споделува фотографии од своите ќерки кои се гледа дека освен убавината, од својата мајка го наследиле вкусот за мода.
Пејачката постојано ги фотографира во интересни креации или парчиња гардероба од познати брендови.
Неодамна нејзината постара ќерка или како таа милува да каже, нејзината прва среќа наполни 7 години, а на својот Инстаграм профил се пофали и со фотографии од домашната прослава.
Среќен роденден Емили, наша прва радост, наша гордост. Да си жива и здрава и голема да растеш, напиша Гавазова во честитката која ја сподели на својот Инстаграм профил.
Нивната љубовна приказна е несекојдневна. Таа православна, тој муслиман, а нивната љубов пример за сите. Пејачката вели дека таа и Јасмин не се многу верски наостроени, па си ги слават сите празници кои им носат среќа во домот, па и католичките.
Запловија во брак пред седум години. Направија раскошна свадба на која присуствуваа могу нивни пријатели, но и познати личности.
-Да, да заедно сме седум години и бидејки премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа. За нас седмицата ни е среќен број, бидејки сеуште имаме страствена љубов. А штом има страст не треба да се плашиме за бројки кои означуваат криза во бракот, вели таа.
Двајцата се многу активни на социјалните мрежи, каде споделуваат фотографии и од приватноста.
Семејството првично живееше во Шведска, каде се родија нивните ќерки, но откако започна пандемијата дојдени се во Македонија. Сега Сузе има повеќе време да работи на својата кариера.
Гавазова која има свој стан во родната Струмица, но откако се врати во Македонија реши дека со семејството треба да живее во Скопје. Нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.
Гавазова вложува во ќерките, но вложува и во себе.
Може да се каже дека е една од најубавите, но и најзгодните пејачки на нашата музичка сцена. И тоа не е случајно, туку станува збор за резултат од секојдневни напорни тренинзи.
Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.
Без нејзините хитови „Бум бум“, „Докторе“, „Лудо лето“ не може да се замисли ниту една прослава и свадба.