Кафе муабет
Го фати сопругот како ја ИЗНЕВЕРУВА- го остави и се омажи за познатиот водител- денес се во среќен брак кој трае повеќе од 13 години!
Лејла го фати својот прв сопруг како ја изневерува по што веднаш поднесе барање за развод...
Тие важат за пар кој е во хармоничен брак без скандали цели 13 години.
Познатиот хрватски водител Тарик Филиповиќ и госпоѓицата Лејла во декември минатата година ја прославија нивната 13-годишнина од бракот.
Имено Лејла остана запаметена по тоа што беше лишена од првото место на изборот за Мис во 1998 година, откако беше утврдено дека имало неправилности при гласањето три дена по завршувањето на натпреварот.
Сепак, хрватската јавност не ја памети Лејла само по одземената круна, туку и по првиот брак кој заврши неславно.
Како што тогаш известуваа хрватските медиуми, Лејла го фати својот прв сопруг, со кого има син, како ја изневерува по што веднаш поднесе барање за развод.
Денес Лејла е во хармоничен брак со водителот и актер Тарик Филиповиќ, а пред да започнат љубовна врска се виделе само три пати.
“Таа е родена како палчица … 1700 г … но денес … Прекрасна девојка со голема срце … Горд сум и среќен што сум, дел од нејзиниот живот 14 години … Среќен роденден на љубов “, напиша Тарик за 43 тиот роденден на Лејла и ги воодушеви фановите.
За нивната голема љубов сведочат и фотографиите кои парот ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм…