Кафе муабет
Реченици со кои ќе предизвикате бес кај личностите родени во знакот Овен
Никогаш не изговарајте ги овие реченици пред Овните.
Овенот е познат по својата импулсивност и тврдоглавност. Овие личности се многу страствени, храбри, но и темпераментни. Еве кои реченици не треба да ги изговарате пред нив.
Сигурно не ти треба помош?
Овните се независни личности и сакаат да „тераат по свое“, па оваа реченица дефинитивно ќе ги полуди. Кога ќе им затреба помош, самите ќе прашаат, но и понатаму нема да дозволат другите претерано да им се мешаат.
Ова го направи погрешно
Овој хороскопски знакне признава критики. Обично е како лидер, па тешко прифаќа совети од останатите, дури и ако му е во интерес да ги послуша другите.
Стрпи се малку
Од нив го барате невозможното. Тие немаат трпение. Тие се’ сакаат веднаш.
Тоа нема да ти успее
Кога ќе ја изговорите оваа реченица, кај Овните се појавува инаетот за остварување на елите. Тогаш едноставно уживаат да ви покажат дека грешите.
Се однесуваш како дете
Иако ова нема никогаш да ви го признаат, Овните се свесни колку се тврдоглави и дека лесно се изнервираат. Нивните „испади“ честопати ги споредуваме со децата, но за разлика од малите на кои можеме да им помогнеме да го пребродат тој излив на бес, од нив честопати невозможно е да ја тргнеме лутината.
Ако им кажете дека се однесуваат како деца, уште повеќе ќе го разбудите нивниот бес.