MAMA

На детето не му треба совршена, туку смирена мајка

Смирената мајка не е мајка која никогаш не чувствува негативни емоции...

Како мајки, секојдневно се соочуваме со широк спектар на емоции – од среќа и радост, до страв и лутина (благодарение на хормоните и недостатокот на сон).

Не, смирената и мирна мајка не е онаа која никогаш не доживува негативни емоции.

Таа е онаа која знае да преземе контрола над своите чувства и да се труди да не ги пренесе на своето дете или другите околу неа. Да ги научиме своите деца дека сите чувства се во ред, но дека не е во ред секакво однесување.

Не постои совршена мајка. Во ред е да се имаат секакви чувства, но важно е да се извинете ако пред другите се однесувате неубаво, но и да научите да се носите со целиот товар – дури и ако тоа повремено значи викање во перницата во спалната соба.

Прифатете ги емоциите

Ако постојано се борите против чувството на срам, вина или бес, никако не ќе можете да живеете мирно. Борбата со нив може да ве доведе до тоа да ги повредите другите, посебно оние кои ги сакате. Мора да ги прифатите своите чувства – да, сите чувства, и среќа и љубов, и тага и страв и многу други.

Тоа значи да уживате во добрите чувства и понекогаш да ги прифатите оние лошите. Тоа е патот до пронаоѓањето мир!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close