Кафе муабет

Романтично запросување за кое зборува целиот Балкан – погледнете како ова момче ја изненади саканата

Интересно запросување во време на корона

Момчето имаше посебно изненадување за својата девојка

Во последно време се почесто се случува на социјалните мрежи да видиме некое интересно запросување. Момчињата често осмислуваат различни начини како да ги импресионираат своите партнерки, а запросувањето на саканата секако дека е еден од најважните, но и најубавите спомени на секој пар.

Такво е и ова видео во кое ќе видите едно момче од Белград кое со начинот на кој ја запроси својата девојка ги воодушеви сите.

Имено, Александар ја изненади својата девојка Катарина и сега видеото е хит во целиот регион.

Тој ја изнесе на романтична вечера со чамец, и покрај вирусот корона и ниските температури за овој период од годината.

Но Катерина не очекуваше дека ќе и се случи ова. Имено како тие се приближуваа кон Стариот савски мост во Белград, нивните пријатели и го привлекоа вниманието на девојката со викање и скокање, но и со веењето на транспарентот на кој пишуваше „Катарина, омажи се за мене“.

Запросувањето е снимено со камера, а видеото веднаш стана вирално и воодушеви многумина во регионот.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни запросувања…

Фото: Принтскрин, Лаура Стамплер, Дџино-нбгд, Мој-бео-град

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close