Градинка

Брутално искрени деца: Не ми доаѓај на роденден зашто ќе ми изедеш се’!

Децата најчесто се искрени.

Една анонимна британска мајка на еден форум открила како ја навредила една од нејзините ќерки, велејќи ѝ дека „смрди“, а притоа барала од другите родители да ги споделат најлошите навреди кои им ги рекле децата. Додека некои коментари се многу забавни, некои се дури толку остри што може да ги „полудат“ мајките и татковците.

Не ми доаѓај на роденден, зашто ќе ми изедеш се’

Една мајка се присетила дека детето во градинка ѝ рекло на учителката да не доаѓа на роденден затоа што ќе ѝ ја изеде тортата. Вообичаена тема помеѓу одговорите кои следувале на форуот биле и навредливите коментари за тежината, вклучувајќи и еден коментар на децата кои ѝ рекле на мајката дека има меки и мазни раце како перница.

Друга мајка пак напишала: „Кога се возбудија поради моето трудничко стомаче и го бакнуваа бебето во него. Не бев бремена“.

Во меѓувреме, некоја негувателка во градинка споделила навредливи коментари кои ги имала од брутално искрени деца во текот на годината. „Имав тригодишно дете кое мртво ладно ме погледне во очите и ми рече ‘дај собери се’. Му одговорив дека се трудам“.

Друга мајка се присетува на неочекуваниот коментар кој го добила од својот седумгодишен син кога прв пат почнала да носи наочари. Таа објаснува: „Ми рече дека она што треба да ме охрабри да ги носам е големиот нос кој може да ми ги држи наочарите.“

Еден татко напишал: „Мојата ќерка која сега има 17 години еднаш ми рече дека изгледам како Стив Тајлер од Аеросмит. Многу години подоцна тоа се’ уште не го преболев“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close