Кафе муабет
Близнаци – личности со детска душа и брзи мисли
Ако имате Близнаци покрај себе, анализирајте ги добро.
Овие луѓе се како ветерот – сегде може да свратат, да ги видат сите нови откритија и предизвици. Имаат ведар дух, но и нестабилен. Во нив постои детска душа, па дури и да имаат 90 години, тие ќе бидат во тренд со се’ што носи новото време.
Близнаците се под влијание на Меркур, па главни карактеристики им се брзина, леснотија на изразување, спонтаност, па и одлична комуникација и дипломатски вештини. Близнаците секогаш знаат да одговорат на прашањата: Кој, каде, како, што, со кој и зошто? Имаат свежи информации и брзо ги шират истите.
Погодни професии за нив се односи со јавноста, менаџери, продавачи, комерцијалисти, таксисти, инжинери, телефонски оператори, но дипломатски работи. Списокот е подолг, а главната одлука е интеракција и контакт со луѓе. Лесно остваруваат познанства.
Ќе ги препознаете по широката насмевка, лесниот од или дупчињата на брадата. Дамите секогаш се со средени нокти во ведри бои. Од шминка преферираат светли нијанси. Со нив секогаж ќе бидете весели. Ќе ве упатат на сите модни трендови како и на културни манифестации.
Нивното поштенско сандаче секогаш е преполно, па не замерувајте им ако не ви одговарат на секоја порака.
Овие личности бараат партнери со кои ќе се сложуваат интелектуално. Покрај себе сакаат личности кои ќе може да ги следат и кои ќе бидат спремни на акција. Кога сакаат – стануваат хиперактивни, дланките им потат и имаат потреба да кажат илјада зборови.
Партнерот не смее да ги натера на ништо, освен да им остави избор. Секој притисок го сметаат за оттргнување од таа личности.