Кафе муабет

СЕ ЗДЕБЕЛИ ЛУНА А И ТОЈ СО НЕА: Марко постигна нов рекорд и се пофали на Инстаграм- нема да верувате колку килограми има!

Таа е бремена а тој се здебели...

Поранешниот учесник во реалното шоу Задруга, Марко Миjковиќ преку својот Инстаграм профил често пати ги информира своите следбеници за настаните во неговиот живот, а овој пат се пофали со својата тежина.

Имено, Миjковиќ објави фотографија на Инстаграм на која има вага на која се гледаат 101,2 килограми, а Марко кратко напиша и:

– Нов рекорд.

фото инстаграм

Миjковиќ пред неколку дена започна со тренинг а друштво му правеше неговата бремена свршеница Луна.

Фото Инстаграм

Додека Миjковиќ правеше стомачни, Луна малку го охрабри и малку го испровоцира:

– Не дозволувај срцето да ти застане – се пошегува Луна за своето момче, кое по неколку вежби се измори.

Инаку Луна и Марко ја започнаа својата врска за време на реалното шоу „Задруга 2“, а парот моментално чека девојче кое ќе го носи името Миа.

Нивната свадба ја одложија заради пандемијата, но не и венчавката. Популарниот ријалити пар Луна Џогани и Марко Миљковиќ решија пред да го прошират семејството да застанат на „лудиот камен“.
Наводно тие треба да се венчаат до крајот на март, кога планираат и имаат закажано и да го изговорат судбоносното „ДА“.

Луна Џогани наводно постојано зборувала дека не сака да биде една од оние жени што се породиле, а немаат сопруг. Како што вели извор за српските медиуми, кој е близок до познатиот ријалити пар, Луна го притиснала Марко што побрзо да се венчаат, па дури тоа да биде само и во општина последната недела од мат, а за тоа ги известиле само најблиските од семејството.

Во моментот планираат само венчавка, а голема свадба ќе направат дури откако ќе биде прогласен крај на пандемијата.

Баба Анабела планира поклон во плик!

Анабела Атијас, пред неколку дена откри дека засега ништо не се сменило во нејзината врска со Марко Миjковиќ, вереникот на нејзината ќерка Луна Џогани, со кого нејзината наследничка го чека своето прво дете.

Како што е познато, Анабела и Марко имаа жесток конфликт за време на учеството во „Задруга 3“, а пејачката вели дека не се брза за ништо, туку дека остава времето да си го направи своето.

– Ништо не се смени, навистина никој од нас нема злобни намери, барем јас сум убедена во тоа. Едноставно не се случи момент, а верувам дека ќе се случи. Не сум луда да трчам сега, ако треба да биде нешто ќе биде, ако не, животот продолжува, Боже мој. Мислам дека тоа бебе е доволно добра причина за сите да размислиме, а времето ќе си го стори своето – рече пејачката за Телеграф.рс.

Анабела се присети на периодот кога била бремена, и рече дека во тоа време обожавала подароци, но и „пликови“, па откри дека ќе биде баба која ќе и даде пари на внуката во плико.

– Не размислував за подарок за мојата внука. Кога бев во тој период, сакав подароци, но најмногу сакав пликови затоа што некако вие сами знаете што ви треба за вашето дете. Па веројатно ќе биде во тој стил, треба да размислувам паметно – рече пејачката.

За време на реалните шоуа, таа постојано и велеше на Луна дека ќе ги разбере нејзините постапки кога ќе стане мајка, па на прашањето дали нешто се сменило во нивната врска и дали Луна сега разбира одредени ситуации поради кои се судри со неа.

– Секоја мајка го кажува тоа, ми рече неколку пати: „Па, само сега те разбирам за некои работи“, тоа е нормално, сите треба да го почувствуваме тоа на своја кожа. Мајка ми исто така ми велеше: „ќе видиш некои работи само кога ќе го имаш своето дете“. Не и кажувам на Луна, но гледам дека таа самата го сфаќа тоа и ја чувствува таа чудна љубов што полека ја обзема и ќе биде се поголема и поголема – изјави Анабела.

– Имаме одлична врска, ми се допаѓа што ме прашува за сè, ми верува и сака да ме слуша, имав три бремености, последните седум години не се многу далеку, многу често разменуваме совети – заклучи Анабела.

Дека на Луна одлично и прилега бременоста покажуваат и фотографиите во продолжение, кои таа ги споделува на социјалните мрежи, и добива низа коментари дека е атрактивна и прекрасна трудница…

фото инстаграм

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close