Кафе муабет

ОВОЈ ПЕЈАЧ БЕШЕ МЕГА ПОПУЛАРЕН, ПО НЕГО ЛУДУBAA ДЕВОЈКИТЕ- Се ожени, стана татко и сега е професор на два факултети!

Сосема се промени...

Кога ја објави песната “Nek padaju kiše” пред скоро десет години, Ненад Цераниќ ги освои срцата на припадничките на понежниот пол и со својот глас и со изгледот. После тоа, тој се повлече од јавноста, се посвети на предавањето и ретко објавуваше песни.

Овој шармантен пејач, во меѓувреме, стана татко, а родителството, како што вели, многу го смени.

– Искрено, јас веќе не сум на прво место за себе, сега тоа е мојот син Андреј. Пред да станам родител, не можев да претпоставам дека постои толку силна емоција, родителството го разбирав само во теорија, а не во пракса. До пред две години слободно можам да кажам дека немав страв, сепак, сега е сосема поинаку. Тоа е родителство – рече пејачот во една прилика за „ Vijesti“.

фото инстаграм
фото инстаграм

Во улога на татко, Ненад вели дека се снаоѓа одлично, а покрај песните што ги пишува за најмладите, тој полека го запознава својот син со поп-музиката на која и самиот припаѓа.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Поминувам многу време со мојот син и нема да бидам скромен да кажам дека одлично се снаоѓам. Се разбира, мојата сопруга Мина и јас сме подеднакво ангажирани во улогата на родители. Откако е роден Андреј, спонтано започнав да ја пеам песната на Оливер Драгојевиќ „Kad mi dodzes ti“, а денес честопати му ја пеам, со пијано, гитара или акапела – откри Цераниќ.

фото инстаграм

Инаку, Цераниќ дипломирал музичка продукција на Академијата за уметности во Белград. Студирал соло пеење, свирел пијано, гитара, тапани. Покрај пеењето, тој се занимава со компонирање, аранжман, пишување текстови. Дебитираше во 2006 година на „Радио фестивал“ како автор и изведувач. Тој го издаде својот прв албум наречен „Увертира“ во 2008 година.

Тој ја претставуваше Србија на најголемиот поп музички фестивал во Југоисточна Европа, „Славјански базар“ во Белорусија, во 2009 година.

Доби специјална награда од рускиот „Телеком“ за најдобар вокал на фестивалот. Исто така, во 2010 година, Ненад ја доби наградата „Златна сирена“ за „Откритие на годината“ и настапи на фестивалот „Сунчане скале“. Тој го компонирал и напишал текстот за официјалната песна на градот Цетиње „Срцето ми е близу Цетиње“.

Ненад предава на Универзитетот Метрополитен и на Факултетот за дипломатија и безбедност во Белград на Катедрата за продукција.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close